Македонија

Мицкоски: Кичево има историска можност да избере градоначалник на соживотот, кој не прашува „чиј си“, туку „што можеме да направиме заедно“!

„Ние, како како Влада, ќе го помагаме Кичево максимално, да го подобри животот на сите негови граѓани. И тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија. Ова не е повик за етничко гласање, туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот вчеравечер пред платото на Филхармонијата во Скопје.

„Имаме историска шанса Кичево да биде симбол на соживот а не на поделби!“ – нагласи Христијан Мицкоски во речта на овој собир во Скопје, осврнувајќи се и на Кичево и на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Александар Јовановски. Мицкоски повика на единство меѓу сите заедници во Кичево, апелирајќи до Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците,

Христијан Мицкоски истакна на овој митинг дека дека Кичево се наоѓа пред историска можност да избере градоначалник кој ќе ги претстави сеопфатноста и соживотот меѓу сите. Мицкоски рече дека овој избор не е прашање на етничка припадност, туку на вредности и посветеност на сите жители на Кичево со цел градот да стане симбол на единство, прогрес и историска победа за сите.

„Дваесет години таму немало градоначалник што ја носи нашата програма, нашите вредности, немало човек кој гледа за сите, туку имало човек, што гледал само самиот за себе си. Дваесет години градот беше под управување, кое често ги делеше луѓето по вера, народност или партија“, вели Мицкоски.

Мицкоски повика на единство меѓу сите заедници во Кичево, апелирајќи до Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците. „Вечерва испраќам од овде од Скопје порака до сите кичевчани и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи, и Роми, Срби, Бошњаци. Излезете во недела и гласајте за човекот што ќе биде градоначалник на сите! Да се обединиме околу идејата дека Кичево може да биде симбол на соживот, а не на поделби. Да ја направиме историјата вистина, првпат по две децении, Кичево да има градоначалник кој не прашува чиј си“, туку што можеме да направиме заедно’.“ – додаде Мицкоски.

Тој истакна дека оваа победа ќе биде заедничка за сите граѓани на Кичево и оти Владата ќе го поддржува Кичево во напорите да го подобри животот на сите жители. Мицкоски додаде дека оваа промена не е прашање на етничка припадност, туку на човечка посветеност.

„Тоа ќе е заедничка историска победа на сите граѓани на Кичево, а ние како Влада ќе го помагаме Кичево максимално, во свои напори да го подобри животот на сите негови граѓани. И тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија. Ова не е повик за етничко гласање туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани, ќе биде градоначалник буквално за сите и за Македонците, и за Албанците, ќе ги помага и ќе биде коректен, и за Турците, Ромите, Власите, Бошњаците. Со сите кои таму живеат без разлика на партија, етникум и верска определба. Тој е човек и ќе работи за Кичево“, посочи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

To top