Македонија

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ, за да ги скријат внатрешните проблеми

Нема вистина во пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во Македонија!“ – порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

-Сакам да испратам порака до граѓаните, дека таков тип на прифаќање, на мигранти, легални, илегални, бидејќи гледам сега бараат значење бараат во зборовите, кои што се било каков дел од договор дали со Велика Британија, или било каков друг договор не постои, ниту пак додека сум јас претседател на Владата ќе постои, нагласи премиерот Мицкоски. Тој истакна дека не само што нема вистина, туку не може да го разбере неодговорното однесување на СДС, кои што шират паника и страв кај граѓаните. „Навистина не можам да ги сфатам овие политички гимнастики, што ги прави опозицијата за сеење страв и паника кај граѓаните. Тоа е неодговорно однесување.“ – смета тој.

Мицкоски нагласи дека „владите на СДС биле промигрантски, бидејќи во 2017 година на владина седница усвоиле и донеле Национална стратегија, и преку Министерството за социјална политика и труд и испраќале дописи до општините, барајќи соодветни места каде што би се изградиле можни кампови“. „Од друга страна ги разбирам затоа што ова е тема на која што тие мислат дека внатрешно ќе се мобилизираат, иако ако се вратиме наназад во минатото ќе забележиме дека практично политиката која што тие ја воделе и нивните Влади, е токму промигрантска, односно луѓе кои што воделе политика на интегрирање на мигранти. И тоа јасно го кажува националната стратегија од 2017 година усвоена и донесена на владина седница од страна на тогашното министерство за социјална политика и труд, и врз основа на таа стратегија тие праќаат дописи во општините за да бараат соодветни места каде што би се изградиле потенцијални кампови односно живеалишта на лица кои што се странски државјани и кои што би се интегрирале, читај мигранти, вели Мицкоски и додаде:

„Не можам да ги разберам за нивното неодговорно однесување, бидејќи сеат страв и паника кај одредена група граѓани. А од друга страна ги разбирам, поради проблемите внатрешни кои што ги имаат во рамки на структурата. Но исто така не можам да ја разберам нивната пи-ар стратегија бидејќи ова ќе им се удри толку силно од глава, бидејќи ќе дојде март, април, ќе дојде јуни 2026, 2027, и ќе нема мигранти. И тогаш што правиме? На изборите повторно ќе треба да излезе во 2028 година пред граѓаните со јасен концепт што сме кажале, што сме направиле итн“.

Премиерот Мицкоски испрати порака до граѓаните дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти, ниту пак како што рече тој ќе има такво нешто додека е тој претседател на Владата. „Сакам да испратам порака до граѓаните дека таков тип на прифаќање, на мигранти, легални, илегални, бидејќи гледам сега бараат значење во зборовите, кои што се било каков дел од договор дали со Велика Британија, или било каков друг договор не постои, ниту ќе постои додека сум претседател на Владата.“ – посочи Мицкоски.

Во однос на поднесената Резолуција во парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски напомна дека сето ова што го кажал до сега е содржано во таа Резолуција и ги повика пратениците од СДС да ја поддржат Резолуцијата. „Ние денеска во парламентот доставивме Резолуција со која што јасно кажуваме дека сето ова кое што сега го зборувам во воведот е содржано во Резолуцијата, и нормално со осуда за неодговорното однесување на опозицијата, па еве нека ја поддржат,.“ – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top