Македонија

Мико одбележа „30 години во и со Македонија“

Некогашниот почесен конзул на Македонија во САД со пригодно слово за тридецениската борба за „македонските правдини“

Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, со пригоден напис во поткастот „Macedonian Content Farmers“ одбележа „30 години во и со Македонија“.

„25 мај 1996 година беше денот кога прв пат стапнав во Македонија. Дојдов тука на три дена за да го разгледам Скопје и да размислам дали ќе се вратам во јули истата година за да поработам три месеци за една хуманитарна организација. Во тие три дена се решив. „Да“, си реков. „Ќе дојдам на тримесечна мала авантура, а потоа ќе се вратам во Вашингтон, каде што ќе го продолжам моето возвишено искачување по животните скалила кон“… каде и да водеа скалилата. Пред триесет години, вие, моите македонски пријатели и семејство, ми оставивте силен впечаток (и сега не можете да се ослободите од мене!). Вие ги отворивте вашите домови и срца кон мене, еден странец, и ме натеравте да се почувствувам посакуван и добредојден. И за тоа засекогаш сум ви благодарен.

Во тие 30 години, се обидов да направам разни мали работи со кои што би ви помогнал, колективно и индивидуално. Нема потреба да ги набројувам тука, но доволно е да ви кажам дека искрено, немав никаков план кога дојдов тука освен да дојдам на една мала авантура. Но, Бог се движи по мистериозни патеки и ако јас немав план, Тој секако имаше план.

Подарете ми малку од вашето внимание додека ја разработам мојата главна поента: минатиот декември лекарите на поранешниот американски сенатор Бен Сас му дијагностицираа карцином на панкреасот во четврти стадиум , што е практично смртна пресуда. Но, Сас и неговата сопруга решија да се обидат да му го продолжат животот за 6, 9 месеци, можеби и цела година, со главна цел да се обиде да му пренесе колку што може повеќе мудрост и знаење на својот 14-годишен син Помеѓу терапевтските третмани и поминувањето време со семејството, Сас учествуваше во многу подкасти и во интервјуа зборувајќи за важните работи во животот: како сите ние сме грешници со разни маани и слабости, дел сме од „искривеното дрво на човештвото“ како што напиша Кант; како простувањето е реално и неопходно и од витално значење; а смртта не е крај. Друга поента што Сасе сака да ја истакне е дека тој го „искупува времето“ што му е преостанато – ова е многу стара изрека која потекнува од новозаветното послание на Павле до христијаните во Ефес (Ефесјаните 5:16) и што во основа значи максимално искористување на нашето ограничено време на овој свет.

Една од главните теми во интервјуата на Сас е дека ние, модерните луѓе, се препуштаме на постојана стимулација и сакаме моментална сатисфакција, а и едното и другото го добиваме во огромни количества од тие мали уреди што сите ги носиме во џебовите (да не ги спомнуваме таблетите, компјутерите, телевизорите и другото). Ова, пак, ја искривува временската линија според која навистина би требало да живееме, и во која треба да се фокусираме на човечката интеракција и да поминуваме време со семејството, пријателите, со нашите соседи, нашите заедници, и пошироко.

Еден мој познаник, Гари, пишувајќи за овој проблем што го идентификува Сас, го вели следното: „Алтернативата што тој (Сас) ја посочува постои на сосема поинаква временска линија. Седењето со сосед или долгото дружење со чаша вино по партија голф не произведува ништо мерливо на крајот од ноќта. Нема повратна јамка, не добиваме сигнал дека сме постигнале нешто. Не знаете што сте изградиле, ако воопшто нешто сте изградиле со тоа.“

На некој чуден начин иронијата е во следното: човек на кого не му останува многу време на оваа земја не поттикнува нас да забавиме и да поминеме повеќе време со луѓето околу нас.

Ова, на некој начин, е суштината на мојот ангажман со Македонија, ако не на почетокот кога првпат дојдов тука, но сигурно во текот на изминатите дванаесет или повеќе години: Ја посетувам Македонија два или три пати годишно и кога доаѓам тука, поминувам време со семејството и пријателите, и се задржуваме на оброк со чаша вино или ракија, или мастика, разговараме, се смееме, понекогаш се молиме, понекогаш тагуваме, но секогаш уживаме во меѓусебното дружење. Во врска со погорната порака на Гари, нема ништо навистина мерливо во времето поминато со пријателите и семејството, ништо што покажува дека сме постигнале нешто, но јас го знам следното: нешто се гради и се надградува – нашите односите. Бидејќи на крајот на краиштата, тоа е се што е важно.

Друг мој пријател вака гледа на работите: целиот живот се состои во односи, без разлика дали се поставени вертикално, помеѓу вас и Бога, или хоризонтално, помеѓу вас и семејството и пријателите. Ставете ги тие две нешта заедно – вертикалното и хоризонталното, и го добивате Крстот на кој беше распнат Христос, иако сега и крстот и гробот се празни поради воскресението. Дури и ако не верувате во Бог, ви гарантирам дека во себе имате дупка со големина на Бог што може да се исполни само од… Бог.

Во времето поминато тука во Македонија и на различни начини во текот на изминатите 30 години, едно нешто што се обидов да го направам е да понудам охрабрување, и индивидуално и колективно. На сите ни треба охрабрување и сите можеме да ги охрабриме оние околу нас, со зборови, со дела, со молитви, понекогаш само со тоа што сме таму. Се надевам дека ве охрабрив; вие секако ме охрабривте мене.

Останувам исклучително благодарен што дојдов во Македонија пред 30 години, и за односите создадени во текот на тие 30 години. Повторно, иако немаше никаков „план“ и немав мисла дека ќе градам нешто, сега со сигурност знам дека планот ми беше претставен и дека односите продолжуваат да се градат. Ви благодарам, мои македонски пријатели и семејство“, напиша ревносниот американски борец за „македонските правдини“.

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и својот македонски јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

To top