Македонија

Мицкоски: Новите кадри во партијата ќе работат пред се за државата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека реструктурирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ на ниво на општински комитети и други структури е завршено.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека реструктурирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ на ниво на општински комитети и други структури е завршено.

„Горе-долу реструктуирањето е завршено. Станува збор за 30% нови луѓе кои сега добиваат можност да покажат и да работат. Не само за партијата, најважно е да работат за државата“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека остануваат уште неколку мали финеси кои ќе се доусогласат во текот на следната недела. Со тоа, покрај новиот состав на Извршниот комитет и новите претседатели на општинските комитети, ќе има освежувања и во другите партиски структури – Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и Патриотскиот институт.

Мицкоски очекува најдоцна следната недела процесот целосно да биде завршен.

Најнови вести од: Македонија

To top