Регион

Еди Рама не дава оставка додека не ја внесе Албанија во ЕУ (ВИДЕО)

Тоа е историска мисија која не може да се напушти на половина пат поради никаква причина, порача албанскиот премиер

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека нема намера да поднесе оставка и покрај протестите против проектот за луксузен ресорт на југот на земјата кои влегоа во вториот месец, оценувајќи дека неговата влада има јасен мандат од граѓаните да го доврши процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија.

Влезот на Албанија во ЕУ е во опасност поради проектот на зетот на Трамп

Според него, причината е едноставна: тој и Социјалистичката партија добиле мандат од 868.000 граѓани за да ја исполнат, како што ја нарече, „историската мисија“ – завршување на преговорите за членство на Албанија во Европската Унија.

„Тоа е историска мисија која не може да се напушти на половина пат поради никаква причина. Уште помалку затоа што дел од граѓаните избрале да протестираат“, изјави Рама за Дојче веле.

Тој оцени дека протестите се показател за демократската зрелост на земјата и нагласи дека владата има обврска да ги слуша пораките што ги испраќаат демонстрантите.

Илјадници граѓани синоќа повторно се собраа на улиците на Тирана, каде по 33. пат се одржа протест со барање за оставка на албанскиот премиер Еди Рама. Демонстрантите најпрво се собраа на плоштадот „Скендербег“, а потоа се упатија кон зградата на Владата, каде организаторите одржаа обраќања.

За разлика од судирите што претходно избувнаа пред албанскиот парламент, вечерниот протест помина главно мирно. Претходно во текот на денот, демонстрантите се обидоа да ги блокираат влезовите и излезите од Собранието и да го спречат заминувањето на службените возила по завршувањето на пленарната седница, по што дојде до судири со полицијата.

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top