Македонија

Модернизирана наставна програма од оваа учебна година во стручните училишта

Првата генерација ученици во средните стручни училишта ќе стекнува знаења од областа на СТЕМ, зелените технологии и дигиталните вештини

Околу 10.800 ученици запишани во прва година во средните стручни училишта се првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми. Во нив се интегрирани СТЕМ-компетенции, зелени технологии и дигитални вештини.

Реформата во стручното образование предвидува младите, покрај стручните знаења, да стекнуваат и компетенции поврзани со технолошките промени, зелената транзиција и барањата на современиот пазар на труд.

За реализација на новите програми обучени се 569 наставници, а изработени се и нови наставни материјали. Министерството за образование и наука наведува дека е зајакната и соработката со приватниот сектор, со цел учениците да добијат повеќе практични знаења и вештини што ќе им овозможат полесно приспособување на промените во професиите.

Промените опфаќаат различни стручни подрачја. Учениците од економските струки ќе изучуваат модели на зелени бизниси и одржливи иновации. Во угостителско-туристичките струки ќе се обработуваат начини за намалување на отпадот од храна и примена на одржливи практики. Зелените и дигиталните компетенции ќе бидат вклучени и во останатите струки, за да се обезбедат пошироки, применливи знаења.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека модернизацијата на стручното образование треба да им овозможи на младите да стекнат вештини неопходни за професионален развој, а на компаниите да им обезбеди кадар подготвен за иновации и новите барања на пазарот. Новите програми треба да го поттикнат развојот на техничкото знаење, способноста за решавање проблеми, иновативноста и приспособливоста на учениците.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

To top