Македонија

Муцунски: Европските пари и се и повеќе од потребни на Македонија

Планот предвидува интеграција на партнерите во Единствениот европски пазар, унапредување на регионалната економска соработка, забрзување на реформите поврзани со европските стандарди и зголемување на претпристапната финансиска поддршка. Според Европската Унија, ова треба да придонесе за побрз процес на проширување и економски раст во регионот.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека Европска комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст. Според него, ова е највисокиот износ доделен во регионот, во споредба со доделените 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора. Оваа одлука, како што рече, претставува потврда за посветеноста на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и спроведувањето на европските стандарди и вредности.

  • „Ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план. Воедно, тоа претставува признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата“, напиша Муцински на Фејсбук.

Посочи дека од исплатените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Според официјални информации од Европската комисија, средствата се одобрени по позитивна оценка на реформските чекори што државата ги спровела, особено во областа на образованието и дигитализацијата. Комисијата одобри вкупно 158,9 милиони евра за Албанија, Црна Гора и Македонија во рамките на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.


Со денешната исплата, вкупниот износ на средства ослободени преку Механизмот за реформи и раст достигна 212,8 милиони евра за Албанија, 89,3 милиони евра за Црна Гора и 142,1 милиони евра за Македонија.

Според Европската комисија, во Албанија се позитивно оценети реформите насочени кон подобрување на деловното опкружување, поттикнување на инвестициите и иновациите, како и проширување на пристапот до финансии, особено за стартап-компании и фирми од зелениот и дигиталниот сектор. Од вкупно одобрените 49 милиони евра за Албанија, 22,8 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека останатите средства ќе бидат достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, согласно процедурите за одобрување.

Во Црна Гора, Европската комисија позитивно ги оцени реформите во областа на истражувањето и иновациите, вклучително и мерките за поддршка на научниците, бизнис-заедницата и истражувачките институции, како и активностите за зајакнување на националниот иновативен екосистем. Од одобрените 44,2 милиони евра, 20,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека останатите средства ќе бидат достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

За Македонија, Комисијата ги оцени реформите насочени кон подобрување на финансирањето на основното и средното образование, како и мерките за проширување на пристапот до дигитална инфраструктура и ИТ-опрема во училиштата. Од вкупно исплатените 65,7 милиони евра за Северна Македонија, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека останатите средства ќе бидат наменети за инвестициски проекти преку Инвестициска рамка за Западен Балкан.

Планот за раст за Западен Балкан, усвоен во 2023 година од Европската Унија, има цел да им овозможи на земјите од регионот придобивки од членството уште пред нивното официјално пристапување во ЕУ.

Планот предвидува интеграција на партнерите во Единствениот европски пазар, унапредување на регионалната економска соработка, забрзување на реформите поврзани со европските стандарди и зголемување на претпристапната финансиска поддршка. Според Европската Унија, ова треба да придонесе за побрз процес на проширување и економски раст во регионот.

Финансиската поддршка се реализира преку Фонд за реформи и раст, кој располага со пакет вреден 6 милијарди евра.

Земјите од Западен Балкан на секои шест месеци поднесуваат извештаи за напредокот на реформите спроведени со поддршка на фондот. Последниот извештаен период ги опфаќа реформите реализирани до крајот на декември 2025 година.

Значајна улога во реализацијата на проектите има Инвестициската рамка за Западен Балкан, преку која се насочуваат околу 3 милијарди евра во грантови и заеми за приоритетни инвестиции во транспортот, енергетиката, дигитализацијата и човечкиот капитал.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top