Македонија

МЗШВ: Европската комисија нема суспендирано средства од ИПАРД 3 програмата

Европската Комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата

Соопштение од Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство:

Денес опозицијата преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста. Европската Комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата.

На состаноците со претставниците на Европската Комисија беше најавено преземање дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите од страна на надлежните институции, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи без застој.

Напоменуваме дека Македонија останува посветена на искористување на фондовите, во таа насока говори и фактот дека во моментов во регионот во реализација на ИПАРД III програмата, имаме искористеност од 7,3%, што е добро во опкружувањето, веднаш после Турција.

Ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во однос на користењето на средствата од ИПАРД III програмата.

Република Македонија е посветен партнер во спроведување и реализација на ИПАРД Програмата и затоа апелираме до опозицијата да се воздржи од неосновани коментари и дезинформации, во интерес на заштита на угледот на државата пред меѓународните институции.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top