Македонија

На денот кога доби фракција во партијата Филипче избра нов потпретседател на СДСМ

Цели 28 месеци откако му честитал лидерска позиција на Филипче Герасимовски повторно го порачува истото само сега од новата партиска функција

На денот кога групата 12 и 5 официјално најави дека ќе почне борба за негова смена односно де факто доби фракција во партијата Филипче избра нов потпретседател на СДСМ.

,,Денес сум избран за потпретседател на СДСМ”, објави градоначалникот на Центар Горан Герасимовски кој најпрво му се заблагодарам на претседателот Венко Филипче за довербата.

,,Ја прифаќам оваа функција со голема чест, но над сè, со чувство на одговорност.
Затоа што функцијата сама по себе не значи ништо ако зад неа нема работа. Ако нема луѓе. Ако нема доверба.

Одговорноста се гради, а довербата се заслужува.

Јас доаѓам од локалната политика. Од секојдневните средби со граѓаните, од нивните проблеми, критики и очекувања. И токму таму научив дека политиката не се прави само од говорница. Се прави меѓу луѓето”, порача Герасимовски кој вели дека денес, пред СДСМ има сериозна задача, да се обедини околу она што им е заедничко.

,,Не мора секогаш да мислиме исто.
Не мора секогаш да се согласуваме.
Но мора да знаеме што нè спојува. А тоа се принципите, спас на државата, одбрана на социјалдемократијата и борба за достоинствен живот на граѓаните. Со конкретни мерки, затоа што имаме и капацитет и квалитетни кадри и храбри поддржувачи”, пишува Герасимовски кој упатува порака до сите членови на СДСМ:

,,Драги сопартијци,

Различното мислење не треба да нè дели. Напротив, треба да нè прави посилни.
Затоа што само сплотени можеме силно да се спротивставиме на режимот на ДПМНЕ. Само сплотени можеме да ги браниме нашите вредности. И само сплотени можеме повторно да ја вратиме довербата на граѓаните.

Но за тоа прво мора да почнеме од себе.

Да разговараме повеќе.

Да се слушаме повеќе.

Да бидеме повеќе меѓу луѓето.

И да работиме повеќе.

Нема краток пат.

Довербата се гради човек со човек.
Маало по маало.
Општина по општина.
Со работа. Со резултати. Со одговорност.

Другарки и другари,

Во оваа нова улога ќе го дадам својот максимум. Ќе бидам отворен за секој член, за секоја добра идеја, но и за секоја критика што може да нè направи подобри.

Ве уверувам и Ви ветувам, дека победата во Центар, ќе ја пресликам и промовирам и во партијата. Тоа ќе биде мојот скромен придонес, бидејќи и јас и членовите на Центар, покажавме и докажавме, дека само храбро и со срце, дојдовме до резултати. Не сакам да звучам нескромно, но сакам успешната центарска приказна, да биде надградена што поскоро и како победничка приказна секаде во државата под водство на СДСМ.

Пред нас нема лесен период.
Но СДСМ секогаш е најсилен кога е најтешко.
Сме знаеле да поминеме низ тешки периоди.
Сме знаеле да паднеме.
Но сме знаеле и повторно да станеме.
И ќе станеме повторно.
Не заради функциите.
Не заради нас самите.

Туку заради луѓето кои веруваат во вредностите што вистински ги претставуваме.

Затоа од денес нема место за поделби.

Нема место за суети.

Нема место за стоење настрана и чекање некој друг да ја заврши работата.

Нема место за едни против други, другари социјалдемократи.

Секој е важен.

Секој е потребен.

И секој има свој минат труд што не е за потценување и маргинализирање.

Секој мора да допринесе.

Затоа што силата на СДСМ никогаш не била во еден човек.

Силата на СДСМ била во луѓето.

А кога сме заедно, кога знаеме за што се бориме и кога веруваме едни на други – тогаш СДСМ е силен.

Да се сплотиме.

Да се исправиме.

И да покажеме дека СДСМ има сила повторно да оди напред”.

На 1 Јули 2024 година Герасимовски на Филипче му го честитал изборот за лидер со порака дека СДСМ нема време за губење, нема време за нови поделби и лични интереси!

,,Честитки до новиот претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Венко Филипче ја презема партијата во исклучително тешки времиња кога обединувањето треба да биде основна задача на новиот претседател. СДСМ нема време за губење, нема време за нови поделби и лични интереси! Ако сака повторно да победува, СДСМ треба да го гледа заедничкиот интерес и доброто на сите членови”, напишал тогаш Герасимовски.

Речиси 30 месеци подоцна Герасимовски повторно го порачува истото.

Најнови вести од: Македонија

Етничката припадност веќе нема да биде предност за добивање работно место

Додека сум јас министер, етничката припадност нема да има приоритет пред стручноста. Или сите ќе сфатиме дека ни треба квалитетна администрација, или нема да нè биде“ порача министрот за јавна администрација

Петровска: Две години укажувавме на проблемите во СДСМ, но бевме игнорирани

„Долг период укажував на проблемите во партијата и имав неколку разговори со партискиот лидер; тие разговори завршуваа или со молк или со договор, по што следуваше неспроведување на решенијата. Токму затоа, по две години, одлучивме да излеземе во јавноста“, вели пратеничката и поранешна министерка за одбрана

To top