Македонија

На Филипче и СДСМ им недостига Заев во спотот за „35 години независна Македонија“

За негативните моменти од 35 годишната историја на Македонија , спот уште не е снимен, но таму Заев и Венко се во главна улога, а народот сето тоа го памети

 

Видеото за независноста има порака која обединува. Штета што и овој пат СДС е на погрешната страна, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во спотот се прикажани личности и моменти од историјата на независна Македонија, меѓу кои и првиот претседател Киро Глигоров, како и достигнувања на државата и на нејзините граѓани во разни области на животот“ реагираа од партијата.

Филипче промовираше видео на Мицкоски и порача дека сите успеси на Македонија се на СДСМ

„Сума сумарум. СДС се лутат зошто го има првиот претседател на независна Македонија во спот за независноста, кој, патем, е избран консензуално, зошто немало ништо за НАТО, а си ќутат за промената на името. Протестираат зошто нема ништо за Груевски и премеруваат кој за што е заслужен, а веројатно им е тешко што го нема Заев или друг премиер. Но, сепак, ова е спот за дел од позитивните страни во овие 35 години.

За негативните уште не е снимен, но таму Заев и Венко се во главна улога, а народот сето тоа го памети.

Згрозени сме од нивото на политичка култура на Венко Филипче и од начинот на кој политизираат нешто што граѓаните го разбираат и прифаќаат како народна прослава на независноста. Искрено жалиме што СДС нема капацитет да ја види големата слика и да го надмине сопствениот талог. Не сме изненадени, но сме разочарани од тоа што денес претставува ова раководство на СДС.

Венко Филипче, кој ја објавува реакцијата на својата страница на Фејсбук, во улога на несуден режисер му нашол и друга маана на спотот – во него немало ништо за членството на Македонија во НАТО и за почетокот на преговорите со Европската Унија, а отсуството на Никола Груевски го користи како дополнителен аргумент дека видеото, всушност, ги промовира успесите на СДСМ.

Реакцијата на Филипче предизвика жестоки коментари на социјалните мрежи и потсетување на фактот дека независна Македонија во овие 35 години ја граделе различни влади, претседатели и парламентарни состави, но пред сè генерации граѓани. Спортисти, уметници, научници, лекари, работници, стопанственици и многу други луѓе постигнувале успеси независно од тоа која партија во моментот била на власт. Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ може разумно да побара ексклузивна политичка тапија врз тие достигнувања.

Понатаму нема да коментираме повеќе за партијата која го донесе најголемиот срам и криминал во овие 35 години“ велат од партијата за објавата на Филипче:

 

Најнови вести од: Македонија

Гаши ја обвини ДУИ за злоупотреба на Деловникот во Собранието

Сите закони за кои е потребно Бадентерово мнозинство ќе бидат ставени на гласање, соопшти претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на средба со новинарите и додаде дека не знае каков ќе биде исходот поради процедуралната блокада на опозициската ДУИ.

Јаневска: Да се почитува реонизацијата при запишувањето на учениците во основните училишта!

Во моментот се изработува проект за реконструкција на покривот на ОУ „Наум Наумовски-Борче“ во Гази Баба. За децата нема да има проблем да влезат на часови затоа што има плоча и училниците се обезбедени, рече министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со загриженоста на родителите на децата од ова училиште во населбата Маџари, чиј покрив беше откорнат во невремето на 21 јули.

ЕОС Матрих Македонија на пиедесталот во рамки на EOS Групација

ЕОС Матрих Македонија уште еднаш потврдува дека големината на пазарот не е пресудна за извонредноста на резултатите, како и дека континуираниот успех се гради со долгорочна работа, професионалност и постојано унапредување

To top