Македонија

Не генералниот, туку помошник директор и советник дале изјава дека ЕСМ не е оштетена во случајот „мазут“

Истрагата за случајот „Мазут во ТЕЦ Неготино“, тежок 167 милиони евра била прекината врз основа на нивните изјави

Наместо генералниот директор, помошник директор и советник во АД ЕСМ дале изјави дека компанијата не е оштетена во случајот „Тец Неготино“, врз основа на кои, меѓудругото, била прекината истрагата за случајот „Мазут во ТЕЦ Неготино“, тежок 167 милиони евра – – пишува Фокус врз основа на одговор што го добил од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

„Со овластување од Генералниот директор на АД ЕСМ од 4.3.2026 година Помошник директор за производство на електрична енергија од хидроелектрани и управување со производни капацитети и Советник за комерцијални работи биле овластени како претставници на АД ЕСМ да дадат исказ како сведоци и претставници на оштетеното АД ЕСМ.

Истиот ден, односно на 4.3.2026 година двајцата се сослушани и дале исказ во врска со кривично правниот настан од аспект на нивната надлежност. Воедно, на прашање дали како резултат на трите склучени договори опфатени во постапката АД ЕСМ има претрпено каква и да било штета двајцата одговориле дека штета нема претрпено“ – одговорило Обвинителството.

Одлуката за затворање на истрагата за мазутот ја донел Обвинителството на Абази

Во фокусот на истрагата беше фирмата РКМ која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Меѓу осомничените беше и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски. Сулкоски е поранешен вработен во Пуцко Петрол, а потоа стана еден од сопствениците на РКМ заедно со Капушевски. Во истрагата беше опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бараше со меѓународна потерница за случајот Адитив. Опфатен беше и уште еден поранешен директор на ЕСМ, Адријан Муча.

ЕСМ незадоволни од одлуката на Обвинителството за мазутот за ТЕЦ „Неготино“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top