Македонија

Ни секој трет во Бугарија не е за Македонија во ЕУ!

Според Евробарометар, само 32 проценти анкетирани Бугари се за влез на „браќата“ во Унијата, наспроти 58 отсто против

Само 32 проценти или помалку од една третина од Бугарите се за членство на Македонија во Европската унија, што е убедливо најниска поддршка меѓу 27. земји-членки, покажува последното испитување на јавното мислење на Евробарометар за расположението на граѓаните на Унијата за проширувањето.

Според анкетата на статистичката агенција на ЕУ, помала поддршка од Македонија меѓу Бугарите има само Украина од 31 отсто.

Против македонскиот влез во Унијата се изјасниле 58 отсто од бугарските испитаници, а 10 отсто одговориле со „не знам“.

Втора најмала поддршка за членство на Македонија во ЕУ е регистрирана во Австрија (34 отсто), а трета во Франција (36 отсто). Следуваат Чешка со 38 отсто, Грција со 39 отсто, Германија, Италија и Кипар со по 44 отсто и Белгија со 48 отсто, колкава што е просечната поддршка за македонската евроинтеграција на ниво на Унијата.

На спротивната страна, уверливо најпромакедонска во овој поглед е Шведска со 78 проценти поддршка, потоа Словенија со 71 отсто, Хрватска со 69 отсто, Данска со 66 отсто, Холандија и Романија со по 61 отсто.

Во Унгарија и во Малта поддршката за Македонија во ЕУ е 57 проценти, во Шпанија 56 отсто, во Словачка и во Финска 55 отсто, во Ирска 54 отсто, во Естонија 53 отсто, во Летонија 52 отсто, во Луксембург и во Португалија 51 отсто, во Литванија и во Полска 50 отсто.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top