Македонија

Николовски: Обвинувањето дека Петар Арсовски ‘се продал за вечера’ е самоубиствен потег на СДСМ

Значи ли ова прекинување на врските со сите релевантни аналитичари кои со децении се подметнуваат во јавниот простор во одбрана не на СДСМ

 

Љубиша Николовски , новинар кој често ја критикува владата на ВМРО-ДПМНЕ, а некои го сметаат и за поддржувач на СДСМ реагираше по жестоката критика од СДСМ на сметка на политичкиот аналитишар Петар Арсовски, за кого не бираа навредливи зборови.

СДСМ: Петар Арсовски е човек без морал и без срам

„Глупоста, да ги наречеш луѓето во Платформата 12.05 за предавници на СДСМ и одработувачи на Мицкоски, е немерлива!”,  напиша новинарот Љубиша Николовски на Фејсбук.

„А обвинувањето дека Петар Арсовски ‘се продал за вечера’ – додава новинарот – е самоубиствен потег на прекинување на врските со сите релевантни аналитичари кои со децении се подметнуваат во јавниот простор во одбрана не на СДСМ, туку на социјал-демократската и либерална идеологија, додека повеќето од тие ‘структури’ на тесното партиско раководство дремеа во канцелариите на Бихаќка, чекајќи да фатат некое добро платено место во општеството!”

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top