Македонија

Обвинителството – обвинителката на потег

Од Обвинителството велат дека за еден дел од наводите веќе е поднесено обвинение, а за другите наводи се проверува дали постои сомнеж за сторено кривично дело. Од наодите во последниот извештај на Државниот завод за ревизија може да се заклучи дека во периодот од 2022 до септември 2024 се работело главно на уништување на компанијата.

Предметот во врска со сомневањата за исплатени провизии од договорот на АД ЕСМ со компанијата Македонија осигурување е во предистрага, одговорија од Јавното обвинителство на прашањето на МКД.мк за поднесената кривична пријава на ЕСМ во јануари годинава. Пред два дена, Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај во кој се вели дека има дилеми во однос на договорите за осигурување, објави МКД.мк.

  • Се работи за серија договори за осигурување меѓу ЕСМ и Македонија осигурување, кои чинат 5 милиони евра за две години. Откако ќе се потпишел тој генерален договор, потоа следувало потпишувањето на повеќе полиси за осигурување на имотот на ЕСМ. Носители на тие полиси секогаш биле агенти-брокери и друштва за застапување во осигурувањето. „Наведувањето на агент-брокер и друштво за застапување во осигурување во полисите предизвикува дилема во однос на нивното вклучување во вкупниот износ на премијата, што укажува на сомневања за неосновано користење на јавните средства и намалена транспарентност во постапките за осигурување“, пишува во извештајот на ДЗР.

Главниот проблем според информациите на ревизорите е тоа што пред потпишувањето на тендерите, разговорите се воделе меѓу раководството на ЕСМ и директорите на Македонија осигурување. Во ниту еден момент од тие разговори не бил вклучен ниту еден агент-брокер или друштво за застапување. По потпишувањето на договорите следувало потпишување на полисите, на кои се појавуваат имињата на агентите/брокери и на друштвата. А за секоја полиса за агентите и за друштвата, законски следуваат 20 отсто провизија. Во документите се споменуваат друштвата за застапување ДЗО Тренд (Лилјана Мокански и Владимир Спасеновски), Актива осигурување (Билјана Јанкуловска) и агентите Јовица Јаниќ, Габриела Оручоска и Борче Ангелески. Тоа значи дека за последните години, за сите потпишани полиси следувала/била исплатена провизија во милиони евра.

Станува збор за перфиден модел за извлекување пари, поставен така што сè формално останува во рамките на законот.

Во јануари годинава, актуелниот генерален директор на ЕСМ Лазар Узунчев поднесе кривична пријава за овие случаи, а на 30 март е поднесено и дополнување на кривичната пријава. По неколкунеделно инсистирање на МКД.мк за информација од ЈО до каде е тој предмет, добивме информација дека е во предистрага. Предметот е кај обвинителката Марија Секуловска Велковска. Во самите полиси наведени се посредниците, фирми и поединци на кои им биле исплаќани огромни суми пари на име на законска провизија, а тие во ниту еден момент не учествувале во разговорите околу тендерот.

Од Македонија осигурување велат дека тука нема ништо спорно и дека сè е во рамките на законите.

  • „Како општествено одговорна компанија, во целост ги почитуваме позитивните законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија. Нашата соработка со лиценцираните застапнички друштва е во целосна согласност со сите закони. Сите полиси со наше лого се потпишани со печат и потпис од вработени лица во нашата компанија. Учеството на нашата компанија во постапката за јавна набавка распишана од АД ЕСМ е спроведено во строго дефинирани законски рамки. Согласно со ЗЈН, договорните страни се должни да го извршуваат договорот согласно со условите во тендерската документација и избраната понуда. Во конкретниот случај јавната набавка се однесува на осигурителни услуги, односно склучување на полиси по осигурување на имоти и исплата на отштетни побарувања. Носител на набавката и единствен содоговарач на АД ЕСМ е нашата компанија. Ние во целост го сносиме осигурителниот ризик, ги издаваме фактурите за премија, ги потпишуваме полисите и вршиме исплата на евентуалните штети (согласно со член 953 од ЗОО). Ангажирањето на Друштво за застапување во осигурување (ДЗО) за техничко администрирање не претставува подизведување согласно одредбите од ЗЈН. ДЗО не преземаат никаков дел од јавната набавка (осигурителното покритие) во својство на подизведувач, туку вршат технички и административни услуги што се составен дел од нашето редовно работење. Поради тоа, не постои никаква законска обврска за нивно посебно наведување како подизведувачи во понудата. Наведувањето на овластениот брокер/застапник/агент на самата полиса претставува стандард за транспарентност и идентификација на сите учесници во дистрибуцијата на осигурувањето. АД ЕСМ не се наоѓа во никаков непосреден договор или облигација во извршувањето на предметот на набавката со ДЗО, туку ЕСМ во целост дејствува со нашата компанија, која гарантира за секој сегмент од спроведувањето на договорот за осигурување“, ни одговорија од Македонија осигурување.

И според Агенцијата за супервизија на осигурување нема никаков проблем. Нивниот одговор на нашите прашања е добиен пред објавувањето на ревизорскиот извештај. „Како независно регулаторно тело чии надлежности се прецизно дефинирани со Законот за супервизија на осигурување, АСО нема сознанија, ниту е официјално запознаена со постоење на каков било спор или кривични пријави помеѓу наведените субјекти. Согласно со евиденцијата со која АСО располага, склучените полиси за осигурување се во согласност со законската регулатива“.

Уште пред да се објави ревизорскиот извештај, ЕСМ до ЈО испрати 18 кривични пријави за работењето на претходните раководители на компанијата, а најголем дел од нив се поврзани со многубројните неправилности со јавните набавки посочени од ревизорите. Една од пријавите е веќе процесирана, пријавата за сомневањата со неправилности со осигурувањето е во предистрага, а за останатите 16 се чека на постапување од обвинителството.

Од Обвинителството за МКД.мк велат дека за еден дел од наводите веќе е поднесено обвинение, а за другите наводи се проверува дали постои сомнеж за сторено кривично дело. Од наодите во последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) може да се заклучи дека во периодот од 2022 година до септември 2024 година се работело главно на уништување на компанијата. Овој извештај претставува само површна слика на криминалното и систематско, свесно уништување на енергетскиот гигант под претходното раководство, велат нашите извори.

За жал, и претходниот ревизорски наод, од 2017 до 2022 година, е обвиен во институционален молк и отсуство на одговорност. Основното јавно обвинителство (ОЈО) и за тој извештај до ден-денес нема иницирано ниту една кривична пријава.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

(Фото): Завршија обуките за прва помош за воспитувачки и негователки во Карпош

Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот Ангел Џамбаски, кој се „прослави“ со фашистичкиот поздрав среде Европскиот парламент, истапува со тешка и дрска провокација кон Македонија и македонскиот народ!

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил!

„Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските позиции!“ – нагласува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски

Преку знаење до економска независност: „Diamond Mall“ ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност.

Волонтери од ТАВ Македонија подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Најнови вести

To top