Македонија

Од најавените реформи во ДУИ, се реализираше само реорганизација

По Бујар – Османи пак во врвот на ДУИ

На првата седница на Претседателството на ДУИ по конгресот одржан викендов, вечерва биле донесени одлуки за понатамошното структурирање на партијата, вклучително и избор на нови претседатели на локалните ограноци и партиски функции, информираат од партијата на Ахмети.

Усвоен бил и Правилникот за работа на Претседателството на Централниот одбор.

За шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ е именуван Фатон Ахмети, додека за портпарол на партијата Арта Биљали Зендели. Како советник на претседателот Ахмети за односи со Соединетите Американски Држави е назначен Шемседин С. Бекири. Во согласност со новиот статут, именувани се и претседатели на ограноците: Бајрам Реџепи во Тетово, Ридван Асани во Куманово, Фатон Положани во Струга, Валдет Џафери во Гостивар и д-р Бујар Османи во Чаир.

Новата портпаролка не ги коментираше изјавите на Тимчо Муцунски и Венко Филипче поврзани со изјавата на Али Ахмети за Југославија, нагласувајќи дека фокусот на партијата е насочен кон внатрешното организирање и развој.

На седницата се разговарало и за организацијата на секретаријатите.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top