Македонија Бизнис

Одржана средба во Брисел за железничкиот Коридор 8: Македонија и Бугарија наесен ќе потпишат договор за изградба на пругата

Во Брисел се одржа состанок на кој присуствуваа Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство( ДГ ЕНЕСТ). Последен ваков […]

Во Брисел се одржа состанок на кој присуствуваа Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство( ДГ ЕНЕСТ). Последен ваков состанок се одржал во октомври 2024 година.

Двете страни разговараа за напредокот што е постигнат во последните месеци и се согласија за потребата од обновување на напорите за подготовка на студии и тендер за завршување на прекуграничните делови од коридорот, со посебен осврт на тунелското решение.  На состанокот на високо ниво се договорија чекорите во следните месеци, при што беа идентификувани приоритети меѓу кои и повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел помеѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на 2025 година од страна на Македонија, соопштија од Министерството за транспорт.

Исто така се зборувало и за активностите од бугарската страна и активностите што ги преземаат во делот на Железницата. Двете страни ќе формираат работни групи кои до крајот на месецов треба да го финализираат договорот меѓу двете држави. Постигната е согласност за изградба на прекуграничниот тунел врз основа на постоечкиот технички проект.

Во однос на заедничкиот проект за изградба на прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир, двете страни се договорија да формираат работни групи кои до крајот на месец јули ќе го финализираат текстот на меѓувладиниот Договор со цел да се утврдат конкретните обврски на двете страни за техничките, финансиските, градежните и оперативните аспекти. Исто така се разговараше за содржината и потпишувањето на Договорот за оваа есен со што би се отворил патот за започнување на градежни работи на почетокот на 2026 година.  Двете страни се согласија да продолжат со активностите за изградбата на прекуграничниот тунел, кој ќе биде изграден во согласност со постоечкиот технички проект доставен од страна на Македонија, додадоја од министерството.

Двете страни се обврзаа да ги истражат најсоодветните можности за заедничко аплицирање за финансирање од ЕУ или од партнерските финансиски институции за заедничка изградба на тунелот. Европската Инвестициска Банка која исто така беше дел од средбата понуди своја подготвеност да помогне во техничките дискусии и да помогне во целокупниот процес.

Источниот дел од Коридор 8 ги поврзува Македонија и Бугарија и е дел од Европскиот транспортен коридор Западен Балкан – Источен Медитеран.

Иницијативата за изградба на овој коридор, исто така има силна поддршка од Европскиот координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран и од Постојаниот Секретаријат на Транспортната заедница, кои исто така учествуваа на состанокот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Весник „Илинден” : Македонците во Албанија соочени со предизвици: борба за јазикот, идентитетот и иднината

Mакедонската заедница во Албанија и понатаму се соочува со низа предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и опстанокот на традиционалните населени места.

(Видео): Финансиски стоиме подобро од кога било, иако одредени политички сили шират негативна енергија, вели премиерот

Се надевам дека војната во Заливот ќе заврши и ќе можеме да планираме појасно во периодот што следи, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик, рече премиерот од Битола.

Анализа: Колку пари „фрлаат“ Македонците на одмори во Грција?!

Летувањето во Грција и оваа сезона останува најчестиот избор за македонските семејства, особено за оние кои патуваат со автомобил и бараат сместување во Халкидики, Пиерија, Тасос или околината на Солун. Она што е главното прашање е колку пари оставаат македонските туристи во оваа земја. Ако се земе како пример семејство од двајца возрасни и две […]

To top