Македонија

Петрушевски: Го разбирам револтот за куќниот притвор на Груби, но таа мерка не ја носи Владата

Мерката е на истото тоа судство и обвинителство со 2 проценти рејтинг, изјави пратеникот

Пратеникот Бране Петрушевски во гостување на ТВ Телма изрази разбирање за револтот на јавноста од одредениот домашен притвор за бегалецот од правдата и бивш вицепремиер Артан Груби.

„Го разбирам револтот на јавноста и тоа што се зборува во однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа, таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство. По предлог на Јавното обвинителство, ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската власт е независна“, изјави тој.

„Разбирам дека на граѓаните веќе им станало нормално по претходното седумгодишно владеење на СДСМ да се шетаат министри во канцелариите на јавните обвинители, да нарачуваат обвиненија. Така што, ова се истото тоа судство и обвинителство коешто има 2 проценти рејтинг против коешто јас секојдневно држам прес-конференции, а коешто е под контрола на СДСМ и ДУИ и нивните луѓе коишто ги носеа. Кога ние излеговме и баравме комплетна смена на судскиот и обвинителскиот совет, да ги разрешиме затоа што го доведоа судството до 2 проценти за да можеме да го ставиме на здрави нозе, токму СДСМ беше политичката партија којашто беше против тоа“, додаде Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Вајц повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но и да се промени македонскиот устав!

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

За Кос Македонија е „меѓу најподготвените кандидати за ЕУ“, ама уставните измени остануваат услов за напредок!

„С.Македонија ја подобри подготвеноста за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисок степен на усогласеност со европското законодавство. Сепак, за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер ‘Темели’, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот.“ –  порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната прес-конференција во Брисел по повод  претставувањето на „Пакетот за проширување“ за 2026 година.

Тошковски: Полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци и каде што нема камери од „Безбеден град“!

Од 2027 година, возилата на Министерството за внатрешни работи ќе добијат и функција за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци, особено на патиштата и локациите каде што сè уште нема поставено камери од системот „Безбеден град“.

Воената академија се дистанцира од контроверзните лични ставови на Петар Богојески и ќе ги разгледува, можни се мерки против него!

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје официјално одговори на иницијативата поднесена од уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, во врска со јавните настапи и контроверзните ставови на доц. д-р Петар Богојески. Од институцијата потврдуваат дека доставените иницијативи и материјали ќе бидат упатени на разгледување до надлежните тела, кои ќе утврдуваат дали постојат повреди на професионалните и етичките обврски. Ова го објави порталот „Лидер“.

Најнови вести

To top