Македонија

По Британија, САД и Израел СДСМ влезе во војна и со земја со 1 Трилион БДП

Во 2019 година кога сегашниот лидер Филипче беше дел од владата на СДСМ биле потпишани три билатерални договори за меѓународна соработка со оваа земја

Откако предходно влезе во конфликт со Велика Британија, САД и Израел пред неколку дена СДСМ влезе во војна и со земја која има околу 1 Трилион бруто домашен производ.

Пред три дена СДСМ влезе во директен конфликт со државата Казахстан.

Бихаќка во официјално соопштение во обид да ја докаже својата теза за ВМРО-ДПМНЕ како проруска ја прогласи најголемата економија во Централна Азија за диктатура во која нема демократија.

,,Уште еден голем успех на македонската дипломатија. Освен врските со проруските Орбан и Сијарто, кадрите на ВМРО ОКГ сега разговараат за безвизен режим со Казахстан.

Земја исто така под руско влијание, во која целосно владее едноумие и речиси нема опозиција” објави СДСМ и со тоа започна конфликт кој може да прерасне во меѓудржавен судир ако тимот на Филипче некогаш дојде на власт.

Колку е апсурден нападот на СДСМ врз Казахстан покажува фактот што во 2019 година кога сегашниот лидер Филипче беше дел од владата на СДСМ беа потпишани три билатерални договори за меѓународна соработка со оваа земја.
Потоа исто така владата на СДСМ во 2022 година потпишала нов договор за трговија и економска соработка, за чија имплементација била формирана и комисија која првата седница ја одржала во македонската влада.

Казахстан е на 35 место ма листата на најголеми светски економии

Согласно официјалните податоци и проекциите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2026 година, економијата на Казахстан ги бележи следните рангирања и параметри:

Глобално и регионално рангирање во 2026 година:

Номинален БДП: Казахстан се наоѓа на 50-то место во светот со проектиран номинален БДП од околу 320 милијарди долари.

БДП според паритетот на куповната моќ (ППП): Според оваа мерка, земјата се рангира на 34-то до 36-то место на глобално ниво, со економија проценета на околу 973 милијарди долари до над 1 трилион долари.

Регионален лидер: Казахстан останува убедливо најголемата економија во Централна Азија и е единствената земја од овој регион што се наоѓа на листата на топ 50 најголеми светски економии.

Клучни економски проекции за 2026 година:

* Стапка на раст: ММФ предвидува реален раст на БДП од 4,4% за 2026 година.
* Инфлација: Се очекува постепено забавување, но сепак ќе остане на ниво помеѓу 9% и 11%.
* Двигатели на развојот: Растот главно се потпира на услужниот сектор, екстрактивната индустрија (нафта и гас) и големите инфраструктурни проекти.

Предходно СДСМ влезе во конфликт со Велика Британија чиј амбасадор во Скопје го нарече послушник на премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ а за војната во Иран ги нападна САД и Израел.

По нападот на СДСМ врз Лондон, Пендаровски ги нападна САД и Израел

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

To top