Македонија

Портпаролот на мафијата Османи ја крие паниката во ДУИ – реакција од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порачува: единствените „емисари“ што ги праќаме се оние кои ја носат пораката на народот, а тоа е одговорност за криминалниот картел ДУИ-СДСМ

Емисари од ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ не постојат, реагира партијата.

„Повод за оваа реакција е синоќешното излагање на Бујар Османи во Чаир, во кое тој изнесе измислици за наводни емисари од ВМРО-ДПМНЕ и сценарија што постојат само во неговата фантазија. Со вакви изјави, Османи се обидува да ја прикрие паниката во која се наоѓаат ДУИ и СДСМ пред сигурниот изборен пораз. Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка“, соопшти партијата.

ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порачува: единствените „емисари“ што ги праќаме се оние кои ја носат пораката на народот, а тоа е одговорност за криминалниот картел ДУИ-СДСМ, се додава во соопштението.

„Одговорност за Али, Заев, Филипче, Груби и Османи. Токму на локалните избори овие две структури конечно и формално ќе завршат таму каде што одамна им е местото, на буништето на историјата. Бујар Османи денес е ништо друго освен последниот портпарол на криминалниот картел кој граѓаните го препознаа. Но, неговата одбрана е залудна. Нема повеќе политичко мешетарење, нема пазари зад грбот на народот. Во октомври ќе има јасна пресуда, пресуда на граѓаните кои ќе ги испратат картелот на СДСМ и ДУИ во политичка пензија, а правдата ќе биде задоволена. Зошто таа има име и презиме, а одговорноста мора да се испорача“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи синоќа рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери дека ќе нема предвремени парламентарни избори знак на страв од сознанието дека се соочуваат со изборен пораз.

– Она што најмногу ми пречи е што премиерот продолжува со двојни пораки. Едни пред јавноста, други – испратени преку емисари. И тоа со пораки до нас, дека треба да се подготвиме за реконструкција на владата по изборите. Му порачуваме, и преку емисари, и јавно, дека Албанците не се монета за поткупување. Премиерот полека ја поминува црвената линија.Не знам дали е свесен кој нерв го допира кај Албанците, но јасно е дека допре до сржта на револтот и достоинството на луѓето – рече Османи.

Веднаш по овие избори, победниците кај Албанците ќе седнат и ќе преговараат за заедничко владеење, со цел да се откочат европските процеси и да се врати животот и економскиот просперитет, додаде Османи.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Нема веќе да има „предмети во фиока“

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин, вели Савевски кој денеска во Собранието треба да биде избран за нов државен јавен обвинител

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top