Македонија

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

Адвокатката Лорија Ваневска ги демаскира бугарските напади врз капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев откако објави дека правилата на Европската одбојкарска асоцијација се јасни а според нив англискиот јазик е обврска, а не завера на Мицкоски или УДБА.

Бугарските медиуми и социјални мрежи шират координирана хистерија откако македонски одбојкарски репрезентативец даде изјава на англиски јазик по натпреварот од квалификациите за Европското првенство.

Тамошната јавност веднаш го поврза овој потег со политички заговори, „УДБА“ и премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека на играчот му било „забрането“ да зборува на бугарски јазик.

На ваквите напади жестоко реагираше познатата македонска адвокатка Лорија Ваневска, која преку социјалните мрежи ги објави официјалните правила на Европската одбојкарска федерација (CEV), со што целосно ги демантираше бугарските шпекулации.

Ваневска, која посочи дека веднаш била блокирана од бугарските портали поради нејзините аргументирани реплики, појаснува дека користењето на англискиот јазик не е желба на македонската Федерација, туку строга обврска на организаторот.

„Ова се правилата на организаторот CEV EuroVolley. Значи, правилата се нивни и важат за сите, а не дека нашата Федерација му наредила на момчето да зборува на англиски јазик“, нагласува Ваневска.

Според официјалните регулативи на CEV (CEV Regulations) кои го уредуваат просторот за медиуми (Mixed Zone) англискиот јазик е задолжителен за сите интервјуа наменети за меѓународниот CEV материјал и системот CEV Media Club.

„Не се врти светот околу вас“, порачува
адвокатката која упати остри критики до бугарската јавност, повикувајќи ја да ги прочита официјалните спортски документи пред да шират политичка пропаганда.

„Повелете, неписмен бугарски публикуме, читајте и описменете се веќе еднаш! Не се врти светот околу вас! CEV има јасна политика за меѓународна медиумска содржина. Јасно ли ви е, или да ви нацртаме?“, завршува Ваневска во својата реакција.

Македонската спортска јавност застана во одбрана на репрезентативецот, посочувајќи дека тој само професионално ги испочитувал протоколите на Европското првенство, додека обидот на бугарските медиуми да наметнат политички контекст во спортски настан уште еднаш ги подгреа непотребните тензии меѓу двете земји.

Најнови вести од: Македонија

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот Светлана Колариќ, „во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица“.

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

To top