Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе организира прием за талентирани ученици

Претседателката денеска ќе биде покровител и на панел-дискусијата „8 Септември низ призмата на неговите непосредни учесници и сведоци“ која е предвидена да почне во 9 часот.

По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од независноста на државата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Вила Водно ќе прими талентирани ученици и нивните ментори од основните и средните училишта, кои во учебната 2025/2026 година учествувале на меѓународни научни олимпијади и натпревари, при што дел од нив освоиле медали, награди и признанија.

На приемот, како што соопштија од Кабинетот на претседателката, ќе присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Претседателката денеска ќе биде покровител и на панел-дискусијата „8 Септември низ призмата на неговите непосредни учесници и сведоци“ која е предвидена да почне во 9 часот.

На настанот, шефицата на државата, заедно со поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности, ќе се осврнат на клучните политички, институционални и општествени процеси што доведоа до создавањето на независната македонска држава.

Преку лични сведоштва и сеќавања, учесниците ќе ги споделат своите искуства од историскиот период во кој Македонија го трасираше патот кон самостојноста, со цел да се зачува колективната меморија за еден од најзначајните моменти во современата македонска историја.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top