Македонија

Се бара ефективен, а не домашен притвор за двајца обвинети во случајот „Онкологија“

По решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба. Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на […]

По решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба.

Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка.

Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита.

Васев и Нухи одат во куќен притвор

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top