Македонија

Шефицата на ДКСК поднесе оставка

Оставката следува само неколку дена откако Обвинителството на 18 јули поднесе обвинителен акт против неа за кривичните дела Оддавање службена тајна и за Компјутерски фалсификат

 

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, претпладнево поднесе оставка од функцијата и ја депонира до Собранието.

Телевизија Телма фотографија од оставката што претседателката на ДКСК ја достави до претседателот на Собранието:

„Почитуван, г. Гаши, врз основа на член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Ве известувам дека поднесувам оставка од функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Со почит, Татјана Димитровска, претседател на ДКСК“, се вели во оставката.

„Ве информираме дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција. Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ќе бидете информирани“, се вели во кусото соопштение од кабинетот на Гаши.

Обвинението се однесува на две кривични дела и тоа – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Претседателката на ДКСК не доаѓала на работа

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top