Македонија

Сиљановска – Давкова: Му честитав за победата на Радев, очекувам конструктивен однос и разбирање на потребата за проширување

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова во телефонски разговор му ја честитала победата на парламентарните избори на поранешниот бугарски претседател, сега лидер на Прогресивна Бугарија, Румен Радев, и нагласила дека очекува од новата бугарска влада  конструктивен однос и разбирање на потребата за проширување.

Му честитав, му пратив порака. А потем и ми се јави. Разговаравме. Му посакав успех, изразив уверување дека штом доби вака високо мнозинство тоа е гаранција за стабилност, дека веројатно бугарскиот народ, бугарските граѓани во него препознаа стабилен елемент на државата и нацијата, дека веројатно ќе може лесно да формира влада и да ја оствари својата програма, рече претседателката на македонската држава во изјавата за медиумите денеска во Собранието на Република Ммакедонија, на маргините на 20 Конференција на претседатели / спикери на парламенти на Јадранската и Јонската иницијатива.

Сиљановска – Давкова посочи дека мнозинството и стабилноста се и за нас важни затоа што, како што нагласи, „ќе имаме со кого да разговараме“.

– Нагласив дека за мене регионалниот пристап е важен, дека очекувам пријателски однос, конструктивен однос, разбирање на потребата од проширување. Очекувам организирање средба – изјави претседателката Сиљановска – Давкова.

Радев освои на апсолутно мнозинство пратеници на парламентарните избори во неделата во Бугарија. 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top