Македонија

Сиљановска-Давкова на настан за женско претприемништво во Битола

Поддршка за жените што создаваат вредности

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска беше во Битола, каде што учествуваше на настан организиран од Советот за женско претприемништво при Општина Битола. Ја придружуваа градоначалникот Тони Коњановски, заменичката-градоначалничка Марина Крстиќ и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

На средбата беше истакната потребата од создавање заедница во која жените ќе се поттикнуваат една со друга, ќе ги препознаваат можностите што ги нуди новото време и ќе ја градат сопствената сила преку знаење, личен развој, соработка и заемна поддршка.

Настанот се одржа во пријатна атмосфера во објектот „NOYA“. Присутните имаа можност да ја видат изложбата на избрани жени кои со својот труд, креативност и посветеност создаваат вредности во локалната заедница. Малиот саем претставуваше не само приказ на нивната работа, туку и доказ дека зад секој успех стојат истрајност, знаење и храброст.

Од настанот беше испратена јасна порака – вреди да се учи, да се напредува и да се остане достоинствен, а вистинското лидерство започнува со грижа за човекот.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2021-2027

Заинтересираните организации се повикуваат навремено да започнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози.

Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше само 124.000 гласа – Платформата 12:05 е оправдана!

„Ова што се случува (во СДСМ) не е нешто непознато во политиката, после пораз на избори СДСМ на локалните избори претрпе сериозен пораз, имаше само 124 илјади гласа’’ посочи поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на гостување во МРТ.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка, поради „лични причини“

Јовица Андовски повеќе нема да ја извршува функцијата заменик-министер за здравство, откако поднесе оставка од лични причини. Во писмото со кое се повлекува од функцијата, тој му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата, поддршката и досегашната соработка.

Најнови вести

To top