Македонија

Сиљановска-Давкова: Им оддаваме почит на оние, кои во 1941 тргнаа во храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето и создавањето македонска држава

„Повторно мора да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме тоа, што го наследивме од оние, кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија и подготвени за жртвување во ослободителната мисија! Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание.“ – порача претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, истакнувајќи дека овој празник е потсетник на храброста и пожртвуваноста на генерациите, кои ја извојуваа слободата и ја создадоа македонската држава.

„На денешниов голем празник уште еднаш им оддаваме почит на оние, кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и за создавањето македонска држава на рамноправни граѓани. Востаниците со крв ја остварија визијата на нивните претци за слободна и независна држава. Уште еднаш се потврди дека земањето на судбината во свои раце и застанувањето на страната на правдата, наспроти најголемото зло – фашизмот, е победнички чекор!“ – истакнува шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова во својата честитка. 

Натаму во своето празнично обраќање таа нагласува: Отпорот и антифашистичката борба на македонскиот народ во време кога многу поголеми и посилни народи се придружија кон оската на злото, или се дистанцираа од војната, се доказ дека слободата, правдата и еднаквоста се вткаени во нашата слободарска и револуционерна традиција како неразделен елемент на македонската ДНК. Во драматичните денови на Втората светска војна, покажавме дека обединети и сплотени, без оглед на социјалната, етничката, верската, идеолошката или друга припадност, можеме да ги победиме силата и неправдата. Затоа, прославата на 11 Октомври, не е само потсетување на една славна епопеја, туку повик за нејзино продолжување со дијалог во мир.

Живееме во тегобно време на војни и воени закани, срамни за 21 век. Битисуваме оптоварени со суштински проблеми во остварувањето на правото, правдата, хуманоста и солидарноста. Исправени сме пред нови предизвици, несвојствени за демократијата. Од нас се бараат илинденска и партизанска зрелост, мудрост и храброст во донесувањето клучни одлуки. Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание. – порача претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

To top