Македонија

Сиљановска-Давкова: Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети Општина Ресен во работна посета. Во срцето на Преспа, таа се сретна со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и непосредно со граѓаните.

facebook.com/siljanovskadavkova

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети Општина Ресен во работна посета. Во срцето на Преспа, таа се сретна со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и непосредно со граѓаните.

Локалните жители ја запознаа со горливите предизвици: масовната миграција и одливот на младите од Преспанскиот регион. Посебно беше истакнат проектот „ЕУ за Преспа“, кој носи значителни средства за развој на Ресен – една од општините што најмногу профитира од европските фондови.

Во отворениот разговор со граѓаните, Сиљановска-Давкова внимателно ги сослуша забелешките и предлозите за економијата, инфраструктурата и социјалните прашања, нагласувајќи дека вистинскиот дијалог со луѓето е темел на одговорното владеење.

Посетата продолжува со обиколка на културни институции и производствениот погон на „Свисслион Агроплод“ – Ресен, со што се потенцира улогата на традицијата и економската активност како мотор на локалниот напредок.

Попладне е резервирано за дебата со невладини организации, локални и национални институции, со фокус на еколошките закани и зачувувањето на Преспанското Езеро како непроценливо природно богатство.

По средбите, претседателката даде интегрална изјава: „Се разбира дека Ресен од многу причини, многу почесто треба, не само претседателите, туку и сите да го посетуваат. Не само заради убавината, не само заради историјата, не само заради соживотот, не само заради езерото, не само заради ретките птици, не само заради сарајот, не само заради Татарчев, не само заради Наде Проева. Мило ми е што сум овде, се разбира, зошто си ја почнав мојата таканаречена турнеја од Ресен? Неслучајно бидејќи основната причина беше грижата за Преспанското Езеро. Се разбира, јас добив темелни податоци, меѓу кои и оној дека не е основната причина во енормното и неконтролираното користење на водата, туку во понирањето, односно во природата и дека во историјата сме имале и друг пат вакви ситуации. Но, од разговорот со градоначалникот, разбрав дека – да, овој град има иднина, само што има потреба од поголема поддршка. Проектот ЕУ за Преспа, навистина е не само инспиративен, туку и темелен проект, како да се активира или да се реактивира туризмот, земјоделието, економијата, справувањето со депониите и навистина некои од решенијава, мислам дека се за прв пат применети и во иднина може да бидат модел. Што друго треба да се направи? – Да, треба во поглед на културниот развој, па и во поглед на економскиот развој, па и околу да речеме медицинскиот туризам, како што велат тие, стратешки да се пристапи. Охрид е тука, Ресен е овде, езерата се тука, ние мораме навистина да изградиме стратегија со која младите ќе останат овде. За среќа, вештачката интелигенција и дигитализацијата, овозможуваат овде да живеете, а да работите на друго место, но за тоа треба еден исчекор.“

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

(Видео): Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните ја платија цената, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира.

(Видео): Инфлацијата се движи помеѓу 4% и 5%, ребалансот на Буџетот ќе се носи еден месец порано, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

(Видео): Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

To top