Македонија

„Скопје – европска престолнина на културата 2028“

Скопје ќе биде во фокусот на Европа, домаќин на европски лидери и градоначалници, место каде се креираат нови партнерства и заеднички перспективи. Со ова, започнуваме нов развоен циклус и модел кој се темели на долгорочни инвестиции, стратешка соработка и јасна визија за иднината., објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Меѓународен настан насловен „Скопје – европска престолнина на културата 2028: обликување на иднината на Скопје“ ќе се одржи денеска, во хотелот „Александар палас“.

„ Скопје сигурно чекори напред како европски град и горд носител на титулата Европска престолнина на културата за 2028 година“ објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Скопје ќе биде во фокусот на Европа, домаќин на европски лидери и градоначалници, место каде се креираат нови партнерства и заеднички перспективи.

Со ова, започнуваме нов развоен циклус и модел кој се темели на долгорочни инвестиции, стратешка соработка и јасна визија за иднината.

Заедно со европските градови, институции и партнери, граѓаните и невладиниот сектор, го отвораме патот кон модерно, динамично и просперитетно Скопје.
Она што некогаш беше заглавено и доведено во прашање, денес добива конкретна форма и динамика на реализација“- напиша градоначалникот.

Ѓорѓиевски вчера имаше срдечна и пријателска средба со градоначалникот на Матера од Италија, Антонио Николетти

„Со особено задоволство бев домаќин на делегацијата од Матера, познатиот град на југот на Италија, предводена од градоначалникот Николетти.

Во отворена и конструктивна атмосфера, разговаравме за потенцијалите на нашите градови, разменивме искуства и ги поставивме темелите за идна соработка што ќе донесе нови можности за развој.

Оваа средба претставува увертира за утрешниот голем и значаен меѓународен настан, официјалниот почеток на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.
Процес кој носи нова енергија, визија и трансформација – културна, дигитална и инфраструктурна, а сѐ во интерес на сите наши граѓани“.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top