Македонија

Стефковски: За уште 1.140 пензионери по 2.500 денари помош

Се грижиме. Не забораваме на луѓето кои ја градеа нашата татковина. Општина Гази Баба е и ќе остане дом за сите граѓани, без исклучок

Се грижиме. Не забораваме на луѓето кои ја градеа нашата татковина. Општина Гази Баба е и ќе остане дом за сите граѓани, без исклучок.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, сподели дека уште 1.140 пензионери од Општината добија финансиска помош од 2.500 денари на своите сметки.

„Оваа поддршка е дел од заложбите на општината да им помогне на нашите највозрасни сограѓани – луѓето кои ја градеа Македонија со години.

Комисијата посветено работеше и ги разгледа сите пристигнати барања. Заклучно со денешната исплата, повеќе од .2700 пензионери веќе ја добија оваа помош од општината.

Се грижиме. Не забораваме на луѓето кои ја градеа нашата татковина. Општина Гази Баба е и ќе остане дом за сите граѓани, без исклучок. Ова не е само административна одлука – ова е порака дека сите се важни и дека секој еден човек е вреден за внимание и грижа.

Како Ваш градоначалник, секогаш ќе бидам пријател и сојузник. Ви стојам на располагање, секогаш подготвен да помогнам“ напиша градоначалникот на Фејсбук.

„Не сум дојден да владеам, туку да работам – со чесност, одговорност и посветеност кон секој од вас. На дело да покажам поинаков пристап кон работата, одговорност кон граѓаните и должност кон општината.

Продолжуваме со работа – со визија, со срце и со дела“ објави градоначалникот на социјалните мрежи. .

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

To top