Македонија

Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на годината да биде донесена националната стратегија за вештачка интелигенција. Една од активностите на стратегијата ќе биде и носење закон за употреба на вештачката интелигенција.

Утре, во Министерството за дигитална трансформација ќе се одржи состанок на работната група по што драфт-верзијата ќе биде ставена на ЕНЕР и ќе бидат организирани неколку јавни дебати.

– Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме. Една од активностите на стратегијата размислуваме да биде донесување закон за употреба на вештачката интелигенција. Значи, не регулирање на производството или на создавањето вештачка интелигенција, туку повеќе на правилното етичко и принципиелно користење за доброто на вештачката интелигенција – изјави министерот Андоновски.

Во однос на изградбата на националниот дата-центар, Андоновски вели дека веќе се во тек разговори со потенцијални финансиери на проектот, а во Министерството за транспорт веќе се разговара за утврдување на потребната процедура за употреба на локацијата кај Бунарџик.

– Локацијата ќе биде во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони.Тоа е државно земјиште што не се употребува за земјоделство или за нешто друго, така што овој простор ќе го искористиме. Во близина веќе се изградени фотонапонски централи. Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски за Ива Михаилова: Владата не се меша во судењето, бугарски лекари ќе можат да ѝ ја проценат здравствената состојба

Македонија е подготвена да овозможи посета на бугарски медицински специјалисти кои би се запознале со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михаилова, потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој посочи дека случајот има два одделни аспекти – судскиот процес и здравствената состојба на Михајлова.

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

Пронајдени дрога и оружје кај жител на Глумово, Скопско, по што е лишен од слобода

Вчера, на 7 октомври 2026 година, околу 8 часот изутрината полициски службеници од од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.М. (43) од селото Глумово, Скопско.

Најнови вести

To top