Македонија

Судски совет има сериозна основа за прогон на двајца судии од Охрид и Битола

Попески и Доведен во своите пресуди криеле клучни информации за мајката

Судскиот совет има сериозна основа за прогон на двајца судии од Охрид и Битола кои според пресуда на Врховниот суд прекршиле низа законски правила и со тоа донесле погрешна пресуда против интересите на детенце од 4 години и неговата самохрана мајка.

Врховниот суд на Македонија во случај во кој претходно го доби една од најбогатите фамилии во Македонија ја поништи пресудата со која на мајката Невена и беше одземено четиригодишното дете со што највисокиот судечки суд уште еднаш покажа дека не треба да се губи надежта во правдата.

Судскиот совет сега може да ги гони судијата од основниот суд во Охрид Ефтим Попески и судијката Жаклина Доведен од Битолскиот апелационен суд кои направиле сериозни грешки за кои треба да сносат одговорност.

 

Една од грешките за кој Судскиот совет мора да реагира е погрешна примена на материјалното право бидејќи судиите Попески и Доведен во процесите пред нивните судовите не ја зеле во предвид одредбата од член 265 став 3 од Законот за социјална заштита.

 

Дополнително според одлуката на Врховен двајцата судии Попески и Доведен во своите пресуди криеле клучни информации за мајката и со тоа направиле сериозни прекршување на процедурите.

 

Да биде трагедијата поголема Судскиот совет кој сега има основа за санкции против двајцата судии во март оваа година ја унапредил Доведен во претседателка на Апелациониот суд во Битола.

 

Со тоа Битолска апелација сега ја води судијка која според одлука на Врховниот суд направила груби прекршувања на законот со што придонесла за длабока лична траума на дете и самохрана мајка.

Како што беше пишувано изминативе две години откако expres.mk го следи случајот, Врховниот суд меѓу другото потврди дека „пресудите од Охрид и Битола се нејасни и неразбирливи, не содржат доволно образложени причини за решителните факти од кои се раководеле судовите при одлучувањето, а дадените причини не произлегуваат од изведените докази па истите не можат во целост да бидат испитани“.

 

Врховниот суд одлучувајќи по поднесена ревизија од мајката Невена Спасеска, ја поништи пресудата од основниот суд во Охрид и апелација во Битола, со која старателството на четиригодишното дете го дадоа на пребогатиот татко од Охрид, а мајката целосно беше исклучена од старателството.

„Ревизиите на тужената се усвојуваат , Пресудата на Апелациониот суд од 20 февруари 2025 година и на охридскиот суд од ноември 2024 година се укинуваат, а предметот се враќа на повторно судење„, пишува во одлуката на Врховниот суд

 

Според Врховен, основани се и ревизиските наводи за погрешна примена на материјалното право од страна на пониските судови, како резултат на што останала нецелосно утврдена фактичката состојба.

 

Врховниот суд смета дека двата суда во Охрид и Битола, за разлика од описите за блискоста на детето со таткото, односно дека треба детето да живее со таткото зошто е богат, дека е машко и дека живее во мало место, не дале информации дали и мајката била повикана во Центарот за социјална работа во Охрид, каде всушност и не била никогаш повикана.

 

Според пресудата извештајот на Центарот за социјална работа во Охрид се смета дека не е сеопфатен и дека не се наведени битните околности по однос на родителските капацитети на мајката ниту врз основа на што е дадено мислењето да се даде старателството на таткото.

Судот му забележува на Центарот за социјална работа во Охрид дека се посветил само на таткото на детето, а ја игнорирал мајката и нејзините родителски капацитети.

 

Претходно, директорот на Центарот во Охрид беше разрешен поради неговата улога во овој предмет и му беше поднесена кривична пријава од Министерството за труд и социјална работа.

„ Во конкретниот случај стручниот тим при ЦСР О. мислењето го дал само со анализа на условите кај таткото и неговите родителски капацитети, без притоа да се ценат условите кај мајката и нејзините родителски капацитети како и возраста на детето и неговата потреба од мајка на таа возраст, прилагодувањето во средината во која досега живее односно треба да бидат согледани целокупните услови за растење и грижа за малолетното дете“, се наведува во одлуката на Врховниот суд.

 

Врховниот суд смета и дека двата суда во Охрид и Битола, кои донеле одлука дететото да го доверат на таткото, не го зеле предвид мислењето на Центарот за социјална работа во Скопје кој сметаше дека дететото треба да остане кај мајката. Судот наведува дека одлуката мора да биде во „најдобри интереси на детето“ кои не се совпаѓаат со интересите на таткото или на мајката.

„При утврдување на „најдобри интереси“ битно е да се цени дали детето се прилагодило на средината каде живее во С. и како промената на средината би влијаела на детето со оглед дека се работи за дете од четири години“, се наведува во одлуката.

Врховен утврди и дека основани се ревизиските наводи за погрешна примена на материјалното право бидејќи судовите не ја зеле во предвид одредбата од член 265 став 3 од Законот за социјална заштита.

„Имено согласно оваа одредба е предвидено дека за дете чии родители не живеат заедно, а постапката за доверување на детето на чување и воспитување кај еден од родителите не е спроведена, надлежен е центарот на подрачјето на кое детето се нашло во положба од социјален ризик. Дотолку повеќе што од известувањето од 31.10.2024 година утврдено е дека е надлежен Центарот за социјална работа во Скопје и упатува да се прави разлика помеѓу судска и управна постапка“, се вели во одлуката на Врховниот суд.

Најнови вести од: Македонија

Македонија не би требало да прифаќа по налог на ЕК третман како безначајна „геоополитичка трева“, која би ја газеле „слоновите“ додека се тепаат меѓу себе

Не соодветствува со автентичните државно-национални интереси на Македонија и на нејзините граѓани најновата позиција, која ја изнесе еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос, дека „земјите-кандидатки мора да направат геополитички избор на која страна се пред да влезат во ЕУ“. Спроведувањето на овој став дополнително би ја  усложнил ионака сложената ситуација, во која се наоѓа Македонија веќе изложена на сериозни критики во најновиот извештај на Европската комисија дека „не искажува резултати во реформите“ и оти „запаѓа во застој“.

Еврокомесарката Кос: Земјите-кандидатки мора да изберат на која страна се пред да влезат во ЕУ

„Би можеле да ја видиме Европа обединета за прв пат во ист дом, но тоа исто така значи и правење избори.“ – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервјуто, кое го даде за „Еуроњуз“ на Самитот за проширување, што се одржа во Брисел оваа седмица. „Ако се свртите кон Русија, или ако не примените санкции, тоа е нешто, што не можеме да го толерираме.“ – предупреди Кос.

Обилен дожд и ноќва низ цела Македонија, до кога?!

Поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот во Македонија во изминатите 12 часа до 19 часот на повеќе места беше врнежливо а повремено врнежите беа обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

(Фото): И дење и ноќе – Скопје се чисти како никогаш до сега, рокот од 72 часа истекува в недела

Акцијата за почисто Скопје е во полн ек. Новиот градоначалник Ѓорѓиевски и надлежните служби имаат рок уште неколку часа да го реализираат предизборното ветување за уреден и чист град. И дење и ноќе – Скопје се чисти како никогаш до сега, рокот од 72 часа истекува в недела.

Алиу: ДПА нема добиено покана за влез во владата, но нема да ја одбие, ако биде упатена

„Поразот на ДУИ на локалните избори не е национална трагедија на Албанците.“ – изјави Имер Алиу, членот на Централното претседателство на ДПА, која попладнево денес одржува Централно собрание.

И во медицината ќе се применува вештачка интелигенција за подобрување на дијагностиката

Здравствениот систем на 21 век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството, порача министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација во Скопје, во организација на Комората на приватно здравство на Македонија.

To top