Македонија

Таравари “ќе трча“ со кандидати за градоначалници во 4 општини

На прашањето зошто не се кандидира на локалните избори, Таравари рече дека се докажал во двата пати кога ја освоил Општина Гостивар

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари ги објави кандидатите на неговата партија за локалните избори.

Тој објави дека Блеранд Рамадани, Назим Таипи, Исен Шабани и Валбон Лимани ќе бидат негови кандидати.

„Кандидат за Општина Сарај ќе биде Блеранд Рамадани, за Општина Теарце ќе биде Назим Таипи, за Општина Врапчиште ќе биде Исен Шабани, а кандидат за Гостивар ќе биде Валбон Лимани“, рече Таравари, кој не исклучи заеднички листи со коалицијата што ќе се вика „Национална алијанса за интеграција“.

Формирањето на широка коалиција на партиите на Албанците насловена „Национална алијанса за интеграција“ за претстојните локални избори, во која ќе се вклучат не само ДУИ и Алијанса за Албанците, туку и граѓански организации и други политички субјекти, беше најавена пред дваесетина дена од потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.

Запрашан за „довчерашните“ коалициони партнери, Таравари рече дека „АА беше причината зошто ВРЕДИ доби 108 илјади гласови, имавме лошо искуство со ВРЕДИ. Им посакувавме среќа“, рече Таравари.

На прашањето зошто не се кандидира на локалните избори, Таравари рече дека се докажал во двата пати кога ја освоил Општина Гостивар.

 

Најнови вести од: Македонија

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top