Македонија

Тошковски за запленетата марихуана: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Полицајци неколку дена спиеле на нива за да ги откријат оние што ја посадиле плантажата со канабис во Струмица

Нелегална плантажа на канабис е откриена во струмичко, а одземени се 680 килограми стебла, при што уапсени се две лица од Ново Село на 34 и 30 годишна возраст. Според МВР, уапсените во сокриен дел од парцела на место викано „Матник“ во атарот на село Секирник, струмичко, ја обработиле почвата, посадиле и одгледувале стебла канабис.

Од скриена парцела, одземени 680 килограми марихуана

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски им се заблагодари на полициските службеници од Струмица кои неколку дена спиеле на нива за да ги фатат одгледувачите и акцијата е доказ дека МВР и бирото за јавна безбедност е посветено на разоткривање и соодветно процесуирање на вакви кривични дела, соопштија од МВР.

„Дрогата е детектирана и обезбедена, а луѓето кои што биле директно вклучени во рамки на процесот на производство и пуштање во промет на истата се обезбедени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Доколку вакви постапки во текот на годините што повеќе биле спроведувани немаше да бидеме до ова дереџе“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Уапсените се гонат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top