Македонија

Успех на „Тиквеш“ во Лондон: Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ и нови меѓународни признанија

„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот.

Со импресивни 95 IWC поени, „Babuna Red 2023“ се издвои меѓу највисоко оценетите вина во својата категорија, потврдувајќи го својот исклучителен квалитет, препознатлив карактер и современ вински израз. За ова вино оценката е дека претставува одлична комбинација на моќ и елеганција, како и дека станува збор за богато, но одмерено вино, со интензивни ароми на шумско овошје, надополнети со комплексни зачински ноти и суптилни зрели тонови.

Покрај ова највисоко признание, „Тиквеш“ оствари и серија значајни резултати кои ја потврдуваат конзистентноста на квалитативниот опсег на портфолиото на винарската визба. Сребрени медали освоија белото вино „Bela Voda“ од бербите 2023 и 2024, белото вино „Barovo 2024 и црвеното вино „Bela Voda 2021“. Бронзени медали им беа доделени на Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2024“, „Bela Voda Red 2022“, Barovo Sauvignon Blanc 2025“, „BarovoWhite 2025“, Barovo Red 2021“, Luda Mara White Cuvée2025“, „Alexandria Premium Cuvée White 2025“, „Marks & Spencer Found Kratosija 2024“ и „Smederevka 2025“, додекаDomaine Lepovo Chardonnay 2023“,Luda Mara Red Cuvée2024“ и „Babuna White 2025“ беа издвоени како вина што заслужуваат посебно внимание.

International Wine Challenge е еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот, основан во 1984 година. Секоја година вина од над 50 земји се оценуваат од повеќе од 500 врвни меѓународни експерти, меѓу кои мастериза вино, врвни сомелиери, винари, купувачи, критичари и едукатори. Оценувањето се спроведува преку дегустација на „слепо“ и детална повеќестепена анализа, при што секое вино се дегустира најмалку двапати во различни денови. Конечните одлуки, пак, дополнително ги проверуваат водечките судии на натпреварот, кои ги ревидираат сите одобрени вина, со цел да се обезбеди максимална објективност и конзистентност на резултатите.

Овој ригорозен и транспарентен модел обезбедува исклучителна доверливост, поради што IWC медалите се сметаат за едни од најрелевантните во глобалната винска индустрија. Затоа, медалот од овој натпревар е силен меѓународен сигнал дека едно вино се истакнало во најконкурентни услови и ги исполнило највисоките светски стандарди.

Новите признанија од International Wine Challenge уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на „Тиквеш“ кон создавање вина со врвен и препознатлив квалитет, кои достојно ја претставуваат македонската винска традиција на светската сцена. Со секоја нова награда, вината на „Тиквеш“ продолжуваат да го зацврстуваат своето место меѓу високо ценетите вина на меѓународниот пазар.

Најнови вести од: Македонија

Виничанецот Јован Костадинов (20), кој спаси 21 живот во смртоносната трагедија во „Пулс“ во Кочани, добитник на шведската награда „Младинска храброст“ за 2026!

Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на “Наградата за младинска храброст“ („Young Courage Award“). Меѓу годинашниве добитници на таа меѓународна за 2026 е и Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Велјановски: Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, која станува попривлечна за долгорочни, стратегиски и технолошки напредни вложувања!

„Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево се новите инвестиции за посилна македонска економија. Покрај компаниите, кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции. Напоредно Владата води преговори со нови компании, кои имаат интерес да инвестираат во Македонија, истакна на денешната прес конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Клековски: В четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за Гостивар, ништо нема да биде премолчено

Одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август нагласувајќи дека целта е од оваа епидемија да се излезе отворено и јасно со научени лекции.

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Најнови вести

To top