Македонија

Уставниот суд го презема претседавањето со Балканскиот форум на уставни судови

Костадиновски ќе го претставува форумот на меѓународни и регионални настани

Уставниот суд на Македонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе биде домаќин на 4. Форум кој ќе се одржи во земјава, на 12 и 13 ноември 2026 година. Претседателот д-р Дарко Костадиновски и официјално го презеде претседателството на 3. Годишен состанок на Балканскиот форум, кој се одржа во Анталија, Република Туркије.

Костадиновски ќе го претставува Форумот на регионални и меѓународни собири и конференции во текот на следната година. На специјалната сесија посветена на клучните прашања поврзани со статусот на Балканскиот форум на уставни судови, претседателот Костадиновски ги информираше останатите судови-членки дека на 4. Форум кој ќе се одржи следната година во Република Македонија како почесен гостин ќе присуствува претседателот на австрискиот Уставен суд, Кристоф Грабенвартен, а поканети ќе бидат специјални гости од Венецијанската комисија, Европскиот суд за човекови права, претставници од судовите од Египет, Шпанија, Азербејџан.

На оваа одлука претходеше усвојување на Статутот и на Анталиската Декларација на Форумот со која членовите се обврзаа на заложбите со кои ќе се обезбедат принципите на владеењето на правото, демократијата и промоција и почитување на човековите права во балканските земји.

Со овие два значајни документа судовите-членови на Балканскиот форум на уставни судови го потврдија постоењето на BCCF како постојано тело и независна судска платформа за значајни уставни јурисдикции помеѓу земјите на Балканскиот регион, како и потребата од усвојување на посебен Статут со кој е дефинирана организационата структура на Форумот.

Сесијата посветена на BCCF се одржа во рамки на 3. Годишна конференција на којашто се обрати претседателот д-р Костадиновски. Во неговото обраќање се осврна на „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”.

Балканскиот форум на уставни судови беше формиран во октомври 2023 година на иницијатива на Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Република Бугарија. На првиот Годишен состанок претседателите на уставните судови на Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора и Туркије потпишаа Меморандум за разбирање и основање на Форумот.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top