Македонија

Влада: Во тек е исплатата на платите на 400-те пожарникари

Реакција по прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на која беа изнесени тврдења дека околу 400 млади пожарникари кои беа ангажирани во летните месеци, се уште не добиле ниту една плата

 

„СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации.

Фактите се едноставни и непобитни, ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина.

Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, апсолутно нема никаква поврзаност помеѓу распишувањето на локалните избори и исплатата на средствата, од причина што средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање!

За лицата кои се вклучени во оваа мерка ве информираме дека беа ангажирани на 08.08.2025 година, документацијата (извештајот за редовност) за исплата од страна на организаторот е веќе во тек и ќе биде испратена до центрите за вработување по што ќе следи и исплатата“, велат од Владата.

„Нашата работа продолжува да биде фокусирана на интересот на граѓаните, додека тие се заглавени во манипулации и измислици. Ние сме тука да носиме конкретни решенија, додека опозицијата ќе продолжи да лаже и да се обидува да го наруши јавниот мир со невистинити приказни. Не им дозволуваме да ја кријат вистината, а сите обиди за политички саботажи нема да ја засенат посветеноста на оваа Влада да работи за подобар живот за сите граѓани затоа што факти не се рушат со лага“, додаваат од „Илинденска бр.2“.

Според СДСМ, извори во различни општини информирале дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“. Кузеска јавно го праша премиерот Христијан Мицкоски дали е ова точно

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top