Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму владејачката македонска партија посочува: А за тоа кои очигледни неписмени се тие говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со руски пранкери им го издиктирал бројот на тогашниот заменик државен секретар на САД Вес Мичел.

Вџашува и фактот кога СДС зборат за дипломатија, а нивниот сегашен експозе Фрчкоски, крадеше пари од Амбасадата.

Да не ја заборави и домат-дипломатијата на СДС и тоа дека Заев ја нудеше ќерката да ја даде за остров.

И да секако, прес-конференцијата на оваа тема ја држи Андреј Жерновски, неакредитираниот амбасадор, кој не знае што значи кратенката НАТО, наведува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

To top