Македонија

ВРЕДИ: Мора да излезат на виделина врските помеѓу семејството Ахмети и „Алта банка“

Постоеле деловните врски и односи помеѓу структури блиски до режимот на Вучиќ и поединци блиски до ДУИ

 

Денес, коалицијата ВРЕДИ побара од Јавното обвинителство да го истражи случајот поврзан со „Алта банка“ и нејзините врски со Сашо Мијалков и ДУИ.

„Оваа недела заврши едно политичко поглавје во регионот. На 25 октомври, Александар Вучиќ доживеа пораз на изборите во Србија. Шест дена подоцна, Народната банка на Србија ѝ ја одзеде банкарската дозвола на „Алта банка“ – финансиска институција поврзана со неговиот близок соработник, Давор Мацура.

Овие случувања се значаен момент за повторно насочување на вниманието кон деловните врски и односи кои – според документите што ги објави ВРЕДИ– постоеле помеѓу структури блиски до режимот на Вучиќ и поединци блиски до ДУИ.

Денес, ДУИ зборува за „Српски свет“, но фактите и хронологијата на настаните отвораат сериозни прашања за улогата на самата партија во овие односи.

Во јули 2021 година, српската компанија „МТЕЛ“ (MTEL) влезе на пазарот во С. Македонија. Во тоа време,
ДУИ беше дел од владата, а Бујар Османи ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи.

Во тој период, Османи остварил најмалку 11 средби со српски претставници; записниците од овие средби сè уште не се јавно објавени.

„На 24 октомври 2024 година, ’АС Сењак‘ – компанија во сопственост на роднина по сватовство на Али Ахмети – се стекна со акции во Стопанска банка Битола од компанија поврзана со Сашо Мијалков.

На 9 јуни 2025 година, компанија во која ’АС Сењак‘ е сосопственик добила заем од 5 милиони евра од ’Алта банка‘ во Белград.

На 17 септември 2025 година, акциите биле продадени на ’Алта банка‘.
Само шест дена подоцна, општина предводена од ДУИ му доделила на ’АС Сењак‘ два договори во вредност од 90 милиони денари“, наведува коалицијата ВРЕДИ.

Оваа низа на настани, нагласуваат, бара јасни одговори. Синџирот трансакции во кои се вклучени компании блиски до високи политички фигури, поранешни структури на моќ и финансиски институции во Србија, не смее да остане неистражен.

Најнови вести од: Македонија

Железници – Транспорт имаат само две употребливи локомотиви од вкупно 62 и 109 милиони евра загуба!

Со ревизијата на ЖРМ Транспорт АД Скопје за 2024 година е утврдено дека загубата за 2024 година изнесува 331,8 милиони денари, а заедно со пренесените загуби од претходните години достигнува 6,75 милијарди денари, односно 109, 115 милиони евра, соопшти Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Новата шефица на ОЈО ГОКК: Нема да има интервенции во предмети, обвинителите ќе одлучуваат врз основа на закон и докази

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, изјави дека притисоците врз обвинителите се реалност со која се соочува професијата, но оти носителите на обвинителската функција мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази.

Осомничен од ИТ-сектор за пари менувал оценки, бодови, студентски досиеја

Во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари, но засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

To top