Македонија

Врнежите не престануваат – зголемен ризикот од поплави

Искуството од првата половина на јануари, кога обилните дождови предизвикаа поплави и одрони на повеќе места низ државата, е потсетник дека временските непогоди можат брзо да прераснат во сериозна закана

Според најавите на метеоролозите, обилните врнежи од дожд што веќе 24 часа непрекинато ја зафатија целата територија на Македонија, ќе продолжат и во наредните 24 часа, што дополнително го зголемува ризикот од поплави, особено во подрачјата покрај поголемите водотеци и во урбаните средини со слаб одводен систем.

Искуството од првата половина на јануари, кога обилните дождови предизвикаа поплави и одрони на повеќе места низ државата, е потсетник дека временските непогоди можат брзо да прераснат во сериозна закана.

Тогаш беа регистрирани поплавени домови, оштетени патишта и активирани свлечишта, а надлежните служби работеа со засилени активности на терен.

Излеани реки и поплави низ Македонија: оштетени патишта, евакуација на населението

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top