Македонија

Законот за правична застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија дека е усогласен со европските стандарди

„Законот за правична и соодветна застапеност станува реалност 24 години по Охридскиот договор. Позитивна оценка од Венецијанската комисија. Работа, а не фудбал во државните канцеларии.“ – порача преку својот фејсбук-профил вицепремиерот Арбен Фетаи, алудирајќи на праксата за „занимавање со спортска рекреација“ и злоупотребување на државните кабинети од страна на Артан Груби и другите високи функционери на ДУИ додека беа дел на Владата на Република Маедонија.

„Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, со што се потврдува дека е во целосна согласност со европските стандарди и демократските вредности.“ –  информираат од кабинетот на заменик-претседателот на Владата за добро владеење Арбен Фетаи, кој ја предводи делегацијата, придружуван од професорите по уставно право проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска и проф. д-р Јетон Шасивари.

Со овој закон ќе се обезбеди квалитетна рамнотежа меѓу системот на заслуги и почитувањето на професионалните стандарди, од една страна, и принципот на правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници, од друга страна.

„Законот овозможува правична вклученост во вработувањето во органите на државната власт и другите јавни институции на сите рамништа, без да се нарушат квалитетот и професионализмот. Изјаснувањето на етничката припадност е целосно доброволно и не предизвикува никакви негативни последици врз остварувањето на правата на граѓаните, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права и недискриминација. Напоредно со доброволното изјаснување за етничката припадност законот предвидува и материјални докази од личните карти и други официјални јавни документи, за да се спречат можните злоупотреби на самоидентификацијата.“ – се вели во соопштението од Кабинетот на Фетаи.

Според тоа соопштение, со ова законско решение се зајакнуваат институционалниот интегритет, сеопфатноста и довербата на граѓаните во системот преку планирано и деполитизирано управување и примена на европските стандарди за добро владеење.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top