ЗНМ остро реагира за однесувањето на новинарот во Тетово кон министерката Весна Јаневска
Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија реагираше на однесувањето на новинарот Невриј Адеми за време на прес-конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово. Од ЗНМ потенцираат дека правото на новинарите слободно да поставуваат прашања и да известуваат критички е неотуѓиво и суштинско за едно демократско општество, но истовремено подразбира и обврска за почитување на етичките и професионалните норми.