Вицепремиерот Николоски со своја и владина поддршка за протестот на превозниците: Ова е навремено предупредување, постојат три решенија
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на граничниот премин Блаце, по најавата на транспортните превозници за блокада. Тој искажа поддршка за протестот на превозниците. „Причината зошто сум денеска тука на овој граничен премин е за да искажам поддршка во мое име и во име на Владата. Овој протест е предупредувачки протест. Превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10-ти април натака. Ова е едно предупредување, сметам дека е навремено со цел да се искористат месеците февруари и март и земјите-членки на Шенген зоната да изнајдат решенија.“ – нагласи Николовски.