Регион

Бивш бугарски амбасадор во Скопје: Зошто да не се обидеме да го собориме авионот на Путин?

Александар Јорданов нема против авионот на рускиот претседател да биде урнат ако лета преку Бугарија до Будимпешта

Некогашниот бугарски амбасадор во Македонија и до лани европратеник Александар Јорданов нема ништо против неговата земја да проба да го собори авионот на рускиот претседател Владимир Путин ако прелетува над Бугарија на пат за Будимпешта на најавената средба со американскиот колега Доналд Трамп.

„Не верувам дека нашите воздухопловни сили се способни да го соборат авионот што ќе го превезува рускиот претседател Владимир Путин во Унгарија. Но, зошто да не се обидеме? Секако, под услов Кремљ да побара да лета над нашата земја“, напиша на Фејсбук поранешниот европратеник од СДС.

„Сепак, пред да размислиме за најдоброто, би било добро Владата да одбие да обезбеди коридор за овој лет. Полска и Романија сигурно ќе го сторат истото. Значи, владетелот на Кремљ ќе мора да лета долго, долго време за да стигне до Будимпешта. Според специјализираното издание ‘Ер лајв’, маршрутата може да достигне 5 илјади км, што го зголемува времето на летот за 3 часа. Најверојатно, тој ќе ги заобиколи Каспиското Море, Иран, Турција, Средоземното Море, Црна Гора и Србија за да слета во Будимпешта.

Навистина долг лет, но не затоа што на патникот со висок ранг многу му се патува (тој, сепак, е во години), туку затоа што Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Владимир Путин е обвинет за злосторства извршени од руски војници во Украина, вклучително и нелегална депортација на украински граѓани, вклучувајќи многу деца. Ова за децата е вистина. Тие беа киднапирани од нивната татковина за да бидат претворени во јаничари.

Бугарското Министерство за надворешни работи не треба да чека барање од Москва за да каже ‘НЕ’. Треба да го каже тоа сега. За да можат да испланираат друга рута во Москва и да бидат свесни дека тој ќе оди по ‘обиколница’.

Американскиот претседател прави голема грешка со тоа што повторно ќе се сретне со рускиот претседател. На претходната средба, која се одржа меѓу двајцата во Енкориџ, тој ја посрамоти својата земја. Сега се чини дека решил да го стори истото во Будимпешта. Што се однесува до домаќинот на средбата, унгарскиот премиер Виктор Орбан, тој одамна е путинофил. А неговиот путинофилизам го направи и трампист. Големо понижување за Унгарија“, коментира на Фејсбук поранешниот претседател на бугарското Народно собрание.

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top