Регион

Борисов кажа: Нацрт-буџетот ќе биде повлечен

Бугарската влада го повлече нацрт-буџетот што веќе беше доставен до парламентот, по масовните протести пред Собранието, негодувањето на партиите и синдикатите и предупредувањата од Европската комисија дека нацртот не е усогласен со буџетските правила на Европската Унија.

Лидерот на владејачката партија ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, во парламентот најави дека предлогот ќе биде повлечен.

Лидерот на владејачката партија ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, денес во парламентот најави дека предлогот ќе биде повлечен.

Борисов ја повика владата на премиерот Росен Железњаков да ги продолжи разговорите за буџетот со социјалните партнери – работодавците и синдикатите, пренесуваат бугарските медиуми.

Буџетскиот одбор на бугарското собрание ја откажа вчера закажаната седница за ревизија на буџетот за 2026 година. Одборот во средата, пред протестите, ги усвои деловите од буџетот што се однесуваат на јавните социјални придонеси и државното здравствено осигурување.

Во Софија се собраа неколку десетици илјади граѓани на протест пред парламентот. Според бугарските медиуми, во демонстрациите учествувале околу 20.000 луѓе, кои формираа човечки синџир околу зградата во знак на незадоволство од предложениот буџет за 2026 година.

Еуроњуз пишува дека протестот бил израз на општа загриженост за можните последици врз граѓаните и претприемачите, вклучувајќи зголемување на социјалните придонеси и даноците. Покрај тоа, буџетот, и покрај предупредувањата на експертите, предвидува рекордни јавни расходи од речиси 46 проценти од БДП.

Тие јавни инвестиции главно би се финансирале преку зголемени даноци, кои ќе ги погодат и компаниите и работниците, како и преку значително зголемување на јавниот долг.

Протестот, на кој повикаа опозициските партии Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија, се случи откако контроверзниот буџет веќе беше усвоен во првото читање, а во пресрет на конечната одлука на пратениците. Учесниците извикуваа: „Мафија“, „Буџетот е шуплив. Не сакаме банкрот“ и „Нема второ читање“.

Иако протестот помина мирно, мал дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и фрлаа шишиња и петарди кон парламентот. Во метежот беа повредени тројца полицајци, пишува бугарската агенција БТА.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

Најнови вести

To top