Регион

Борисов: Не смe непријатели со Македонија, но договореното да се почитува

Ако тие го разбираат добрососедството на ист начин како нас, нема да имаат проблеми“, вели екс-премиерот

 

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и еден од потписниците на „Договорот за добрососедство и пријателство“ со Македонија изјави дека Бугарија и  Македонија не се непријател, но дека Договоротмеѓу двете земји мора да се почитува.

„Постои Договор за добрососедство и пријателство со Република Македонија, потпишан од мене и од нивниот премиер (Зоран Заев н.з.). Ниту ние, ниту Европската комисија не бараме ништо друго освен почитување на овој договор. Ние не сме непријатели; напротив“, рече Борисов.

Тој нагласи дека договорот предвидува конкретни права и се осврна и на таканаречениот француски предлог, опишувајќи го како јасен.

Борисов ги наведе односите со Грција во периодот на пристапувањето на Бугарија кон Европската унија како пример и повика на конструктивен дијалог преку дипломатски средства.

„Ние не сме непријатели; напротив. Ако тие го разбираат добрососедството на ист начин како нас, нема да имаат проблеми“, додаде тој.

Најнови вести од: Регион

To top