Регион

Бугарија назначува свој управител на рафинеријата на „Лукоил“

За денеска бугарскиот премиер Росен Жељазков свика итен состанок на Советот за безбедност на Советот на министри во врска со номинацијата и предлогот за избор на специјален управител на „Лукоил“

Откако бугарскиот парламент вчера го поништи ветото на претседателот Румен Радев на закон што ѝ дозволува на владата да ја преземе рафинеријата на руската нафтена компанија „Лукоил“ и да ја продаде за да ја заштити од санкциите на САД, за денеска е најавен избор на специјален управител на компанијата.

Претседателот Радев, сметаше дека со тој закон се кршат основните уставни принципи и отвораат широка врата за самоволие и злоупотреба.

Пратениците во бугарскиот парламент минатата недела ги одобрија измените на законот со кои на специјалниот управител назначен од владата му се дава овластување да го надгледува работењето на рафинеријата на „Лукоил“ во Бугарија откако санкциите на САД ќе стапат во сила на 21 ноември.

Специјалниот управител на „Лукоил“, според овој закон, може да ја продаде рафинеријата доколку е потребно.

Бугарија ја конфискува рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас

Најнови вести од: Регион

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top