Регион

Бугарски новинар: Од сите соседи, најпријателски односи имаме со – Црно Море

Со добра волја на политичарите, можеме да престанеме да гледаме во историјата и да погледнеме напред, вели Енчо Господинов

Доајенот на бугарското новинарство Енчо Господинов смета дека неговата земја треба да го смени односот кон соседите обременет од историјата.

„Нашиот регион е многу сложен и, за голема жал, ќе кажам нешто што со што мои пријатели дипломати можеби не се согласуваат, но ние од сите наши шест соседи што ги имаме – пет држави и Црно Море – напријателски односи имаме со Црно Море. Со сите други имаме сенки од историјата, имаме деликатни моменти. Дури и со Романија, и со Црна Гора, со кои сме во иста група во квалификациите за Европското првенство, имаме деликатни моменти за кои не сакаме да зборуваме често јавно. Да не зборуваме за односите со Србија и со Македонија“, изјави Господинов за телевизијата Бугарија он ер.

„Со добра волја на политичарите, можеме да престанеме да гледаме во историјата и да погледнеме напред. Балканот треба да научи нешто повеќе, не може да се живее само со историјата“, заклучи претставникот на Меѓународниот црвен крст во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Најнови вести од: Регион

Протести во Тирана, се бара и оставка од Еди Рама (ВИДЕО)

Започнат како реакција на влијанието врз животната средина од туристичкиот проект во Звернец, учесниците сега бараат политички и институционални промени и ги изразуваат своите загрижености за корупцијата, можностите за вработување и заминувањето на младите луѓе од земјата

Најнови вести

To top