Регион

Димитров: Нема напредок во работењето на историската комисија

Македнските историчари да признаат дека Охридската архиепископија била продолжение на работата на Бугарската патријаршија, вели претседателот на бугарските историчари од заедничката комисија

 

„И претходниот состав на комисијата се фокусираше на Охридската архиепископија како тема на професионални дискусии. Главната работа што ја сакаат нашите колеги е да не се навестува ни најмалку дека таа е продолжение на Бугарската патријаршија, дека постои овој континуитет, оваа историска врска. Постои некаков континуум помеѓу институцијата и претходната институција – Патријаршијата на бугарската држава. Иако ова е многу јасно наведено со самите одлуки на царот Василиј II.

Главната причина за блокирање на работата на комисијата е неподготвеноста на нашите колеги, во овој случај тие целосно ја следат политичката линија на државата и доктрината за македонизмот, а да не зборуваме за заедничка историја“ вели Ангел Димитров, ппренесе Фактор.

Според него, нема никакво напредок во работењето на историската комисија особено со доаѓањето на новата власт во Македонија.

„Гледајте, би можел да кажам дека ова е блокада на работата на комисијата, но ќе употребам повнимателен израз, ќе кажам дека тоа е стагнација, застој, и го користам затоа што ова е и целокупната состојба на земјата таму.

Тој вели дека Историската комисија е единствената комисија што работи, создадена според Договорот за пријателство и добрососедство и единствената форма на негово спроведување.

„Но, бидејќи нема резултати, тогаш можеме да размислиме каков е ставот кон самиот договор“ , смета Димитров.

Најнови вести од: Регион

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top