Регион

Грчките земјоделци и денеска ги блокираат граничните премини

Продолжуваат со протестите и блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата за средба со грчкиот премиер – наместо средба, своите барања писмено ги испратија до Владата

Граничниот премин Евзони кон  Македонија денеска повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во периодот од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот, јави грчката агенција АНА-МПА.

Паралелно, блокада ќе има и на граничниот премин Ники, но таму сообраќајот ќе биде во прекин само за товарни возила во периодот од 19 до 23 часот.

Земјоделците во Грција продолжуваат со протестите и блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата за средба со грчкиот премиер закажана за попладнево. Наместо средба, своите барања писмено ги испратија до Владата.

Според АНА-МПА, денеска се планирани и блокади на другите гранични премини, вклучувајќи ги Промахонас и Ексохи кон Бугарија, каде што исто така ќе биде прекинат сообраќајот за товарни возила.

На Евзони, протестите започнаа пред две седмици, на 1 декември, кога земјоделците од регионот Пеонија и од градот Јаница пристигнаа со своите трактори.

Околу 300 трактори остануваат паркирани на грчката страна на границата.

По состанокот одржан во саботата, земјоделците ги објавија своите барања кои ги доставија до Владата:

Протестите, кои започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство и ниските откупни цени, се фокусираат и на скандалот со ОПЕКЕПЕ (европските земјоделски субвенции).

Тие бараат да се вратат и распределат украдените средства на вистинските корисници, земјоделците да не ги плаќаат казните, како и „да се утврдат политичките и кривичните одговорности и јавно да се објават имињата“.

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

Најнови вести

To top