Регион

Покрај Македонија, Бугарија ја блокира и Србија за ЕУ!

Источниот македонски сосед и уште седум членки денеска беа против отворањето на Групата 3 од преговорите со Белград

Бугарија е меѓу осумте од вкупно 27 земји-членки на Европската унија кои се противат на отворањето на Групата 3 во преговорите за пристапување на Србија.

На состанокот на амбасадорите на земјите-членки во Брисел (Корепер), Бугарија им се придружи на Холандија, Шведска, Финска, Белгија, Естонија, Литванија, Бугарија и Хрватска, кои се изјаснија против отворањето на Групата 3, која ги опфаќа конкурентноста и инклузивниот раст.

Данска, Луксембург и Летонија не изразија категорично противење, но сè уште не се убедени, а Франција остана меѓу главните поддржувачи на напредокот на Србија.

Отворањето или затворањето на кој било договорен кластер бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки на ЕУ.

Портпарол на Европската комисија изјави за „Еуроњуз“ дека во понеделник до земјите-членки е испратен документ во кој се објаснува зошто Комисијата верува дека „неодамнешните чекори“ од страна на српските власти го оправдуваат отворањето на Групата 3.

Според документот, кој го видел „Еуроњуз“, Србија исполнила значаен дел од своите обврски, вклучително и повлекување на контроверзните измени во законодавството за судството и постигнување напредок во слободата на медиумите, изборната рамка и соработката со ЕУ за прашања од надворешната политика и безбедноста.

Иако Белград сè уште не ги усогласил своите политики со санкциите на ЕУ против Русија поради војната во Украина, Европската комисија забележува дека Србија соработувала за да спречи заобиколување на санкциите, обезбедила значителна поддршка за Украина и ги зајакнала политичките контакти на високо ниво со Киев.

Документот, исто така, потврдува дека реформите не се завршени и дека е потребен понатамошен напредок во реформата на судството и обвинителството.

Денешната средба беше свикана за да се види дали земјите-членки ја делат оценката на Европската комисија.

Анонимен дипломат за „Еуроњуз“ изјави дека противењето на осумте земји главно се должи на проблемите со владеењето на правото во Србија и нејзиното одбивање да се придружи на санкциите против Русија.

Најнови вести од: Регион

Бугарија: Евакуација на судови и институции, откако добиваат повеќекратни закани за наводно поставени бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави во вторникот бугарското Министерство за внатрешни работи.

Масовни судири и оклопни возила пред албанскиот парламент! Ситуацијата драматично ескалира, демонстрантите бараат оставка на Еди Рама!

Продолжуваат протестите пред албанскиот парламент, каде што граѓаните се собраа против албанскиот премиер Еди Рама и неговата влада, одговарајќи на повикот на организаторот за одржување протест паралелно со пленарната седница на собранието. Според албанските медиуми, се случува вистински хаос: оклопни возила пред парламентот, полицијата пука со водени топови и користи солзавец. Пријавени се десетици приведувања и повредени.

To top